Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади
Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.
Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.
Интервју со украинската пратеничка Јевгенија Кравчук која беше и набљудувач на
изборите во САД
Дали и како ќе се спроведува Планот за Победа на украинскиот Претседател, Володимир Зеленски? Што значи враќањето на Трамп во Овалната канцеларија за Украина? На овие теми разговараме со украинската пратеничка, Јевгенија Кравчук која беше и набљудувач на изборите во САД. Пратеничката цврсто верува во победата на Украина и вели дека нејзината земја во изминатите три години работеше многу на производство на свое оружје, но сепак очекува сојузниците и понатаму да ја поддржуваат Украина. Разговаравме и за желбата на Украина да се приклучи на НАТО, како и за евентуалните преговори на високо ниво и можно учество на рускиот Претседател Владимир Путин на следната мировна конференција.
Стравува ли Шпанија од десничарска блокада на прогресивните аспирации?
Шпанија е една од државите која ја призна Палестина. Во нејзината престолнина, европската крајна десница го имаше најголемиот митинг пред претстојните европски избори. На овие теми разговараме со новинарот Роџер Персива од Мадрид кој во детали ни ја објасни ситуацијата во Шпанија и однесувањето на шпанските власти.
Втора гостинка во Лавиринт е политикологот и истражувач Соња Стојадиновиќ. Разговаравме за активните војни, како и за истражувањата на Стојадиновиќ кои се однесуваат на кинеските инвестиции и кредити на Балканот и во Европа.