Анализа со новинарот Сеад Ризвановиќ и репортажа од посетата на Зеленски самитот во Тирана
Гостин во ова издание на Лавиринт е колегата новинар Сеад Ризвановиќ со кого ги анализиравме состојбите на воените, но и потенцијалните жаришта како регионот Транснистрија во Молдавија. Ризвновиќ вели дека постои реална закана од прелевање на војната. Лавиринт беше и во Тирана да ја проследи првата посета на украинскиот Претседател Володимир Зеленски на Балканот. На самитот организиран од албанскиот премиер Еди Рама, присуствуваа сите балкански лидери, како и Претседателката на Молдавија Маја Санду. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во куса изјава рече дека сите се таму за да ја потврдат поддршката за Украина. Накратко застана и Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој е единствениот лидер во регионот кој одбива да наметне санкции на Русија. Иако инсистиравме на одговор, Вучиќ во негов стил (не) го одговори прашањето. Беше потпишана и Декларација за поддршка на Украина во која беа променети неколку термини по барање на српскиот претседател.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Симулација на полиграфско тестирање и на Eye Detect – Со какви финти се соочиле полиграфистите?
Се што треба да знаете за полиграфот.
-
Генерал Арсоски за потенцијалните разврски на активните војни
Анализа со Генерал Арсоски за македонските односи со соседите и за глобалните воени играчи
Гостин во ова издание на Лавиринт е Генерал Мајор Павле Арсоски кој на последните избори беше избран и за пратеник во македонското Собрание од редовите на новата политичка партија ЗНАМ. Разговаравме за идните чекори на македонската Влада во однос на почитувањето на меѓународните договори, како и за односите меѓу коалиционите партнери. Генералот вели дека околу почитувањето на меѓународните договори веќе се е јасно, а тоа е дека договорите ќе се почитуваат онаму кадешто треба, а Владата ќе вложи големи напори за да ги подобри добрососедските односи.
Со Генералот Арсоски разговаравме и за регионалните отворени прашања, како и за активните воени жаришта и можноста за нивно завршување. Генералот Арсоски го повтори ставот дека нападната страна има право да се брани, а крајот на двете активни војни го гледа во многу блиска иднина. За новиот Генерален Секретар на НАТО, Руте смета дека е одличен избор за Алијансата.
Погледнете го цело интервју.
Post Views: 6.236 -

