Интервју со Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман
Македонско-швајцарското пријателство трае повеќе од 30 години, вели Амбасдорката на Швајцарија, Вероник Хулман во гостување во Лавиринт. Разговаравме за новата програма за соработка која ја лансираше Амбасадата на Швајцарија, како и за досегашното искуство со македонските институции. Разговаравме за трите области во кои Швајцарија и помага на Северна Македонија, демократија, економски развој и животна средина, а ја прашавме Амбасадорката и кое и е омилено место за планинарење во земјава.
Гледајте го целото интервју.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Студентите на пат до европската престолнина – Велосипедистите со црвен тепих пречекани во Виена
Српските студенти со нов подвиг – со велосипеди до Стразбург. Тие беа пречекани во Братислава, Будимпешта каде добија поддршка и од градоначалникот на унгарската престолнина, но најголемиот дочек им беше организиран во Виена каде и има најголема српска дијаспора. Од Виена, веднаш по пристигнувањето разговаравме со Слободан Књежевиќ, кој одлучи да им се приклучи на студентите во овој подвиг и Урош Петровиќ, кој е на магистерски студии во Виена, а беше на плоштадот да ги пречека велосипедистите. Во ова издание на Лавиринт, гостинка во студио ни беше и воена пилотка на американската армија со која поразговаравме за тоа како донесе одлука да лета и каков беше патот до таа позиција.
Post Views: 1.212 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.758 -
Профилирањето како алатка во борбата против современиот криминал
Криминалистичкото профилирање во светот е клучот за откривање на непознатите извршители на кривични дела.
Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?
Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?
За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт.
Post Views: 1.467

