Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК
Спорот Белград Приштина и состојбата во Босна и Херцеговина се точките на Балканот за кои, според последниот разузнавачки извештај објавен во јавност, постои загриженост кај западните партнери. Се засилија дипломатските напори да се решат барем дел од отворените прашања. Високи претставници на САД и ЕУ во посета на Приштина со препораки, но и со услови. Владата на Курти нареди враќање на земјиштето на манастирот Високи Дечани, а за возврат ќе добие членство во
Советот на Европа. На овие теми, во Лавиринт зборува новинарот Илир Ајдини од Приштина. Босна и Херцеговина пак, добија зелено светло од Европската Комисија, но останува та препорака да го помине и Советот на самит закажан за 21 и 22 март. Со новинарката Адиса Имамовиќ од Сараево разоваравме за очекувањата на граѓаните, за непостоењето можност за договор меѓу политичките актери во БиХ, но и за политичките потези на Милорад Додик кои одат во насока на дестабилизација на и онака кревката состојба во Восна и Херцеговина.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Анализа на првите 100 дена од владеењето на Трамп – Како до фер избори во Србија
Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.
Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.
Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.
Гледајте ја целата емисија.
Post Views: 1.460 -
Дипломатска анализа на воените жаришта и отворените прашања на Балканот
Амбасадорот Ѓукиќ со позитивни прогнози за балканските држави
-
Анализи на конфликтините зони и искуства од воените жаришта
Серија интервјуа за кризните подрачја и лични искуства на новинари и хуманитарци - Сима Џилани, Мајкл Боцјуркив, Аделин Пертисор и Гиорги Долидзе во овој Лавиринт.
Оваа недела Лавиринт во Тбилиси на еден од најголемите новинарски настани – ЗЕГ фестивалот. Имавме прилика да поразговараме со новинари од целиот свет за актуелните состојби во нивните држави. Ви претставуваме серија интервјуа за државите кои во моментов се глобални вести.
Поразговаравме со една од главните говорнички на настанот, докторка која го посветува животот на лечење деца во најзагрозените места во светот, Сима Џилани. Разговаравме за големата хуманитарна катастрофа која ни се случува пред очи, Појасот Газа и за тоа како може да се помогне на луѓе отсечени од секаква помош. Сима го сподели и личното искуство за тоа какво е mчувството да се лекува сопственото дете повредено во експлозија во Бејрут.
Војната во Украина се уште беснее, а по доаѓањето на власт на американскиот Претстедател Доналд Трамп, се чини дека руските напади на украинската престолнина се зачестени. Во меѓувреме, на Блискиот Исток, Израел и Иран жестоко се напаѓаат. За состојбата во Украина и за актуелните жаришта на Блискиот Исток разговараме со аналитичарот од Атлантскиот Совет кој редовно анализира за СиЕнЕн и останатите глобални медиуми, Мајкл Боцјуркив.
На настанот имавме прилика да поразговараме и со колегата Аделин Пертисор од јавниот сервис на Романија кој е еден од најискусните воени репортери. Известувал од војните на Блискиот Исток, Африка, како и од балканските конфликти и имал прилика да направи интерјуа со голем број лидери, но и со озлогласени милитанти како Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Секако, разговаравме и за состојбата во Романија по поништените избори кога Уставниот суд препозна руско влијание во изборниот процес.
Откако Грузија доби нов проруски Претседател кој наметна низа недемократски закони, Грузијците протестираат секој ден. Слободата на медимите и дејствувањето на граѓанскиот секторсе под напад, а новинарите и граѓаните се соочуваат со затворски казни. Разговараме со грузискиот колега Гиорги Долидзе за тоа што се случува во неговата држава.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.503

