Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.
Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.
Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.
Гледајте ја целата емисија.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Репортажа од дочекот на српските студенти во Алексинац и Ниш
Лавиринт ги следи студентските протести во Србија
Со солзи во очите, гласни аплаузи и огномети се дочекувани српските студенти во секој град. По големиот собир во Крагуевац, студентите организираа и пешачење до Ниш. Тргнаа од неколку различни градови и пешачеа цели пет дена до крајната дестинација. Во знак на поддршка, им се приклучија и неколкумина граѓани, група маратонци, како и група велосипедисти, а локалците со силни овации и факели им организираа дочек. На целото свое патешествие, студентите имаа медицинска поддршка обезбедена од студентите по медицина, но и од медицински персонал од установите низ Србија кој волонтерски отидоа да им ги лечат раните. Погледнете ја репортажа од дел од патешествието на студентите, а утре следува вториот дел, осносно репортажа од големиот собир на 1ви Март.
Post Views: 1.603 -
Студентскиот едикт ја донесе цела Србија во Ниш
Репортажа од големиот собир на 1ви Март – Втор дел
Градот Ниш никогаш не бил погласен. Буквално сите улици беа исполнети со луѓе дојдени од цела Србија да ги поддржат студентите кои бараат правда за страшната несреќа која одзеде 15 животи. По петдневното пешачење, студентите имаа сила цели 18 часа да стојат на нишките улици. Граѓаните им се придружија бидејќи, како што велат, барањата на студентите се барања на народот. Атмосферата беше многу емотивна, а прегратките беа честа глетка низ улиците. Студентите имаа културна програма, спортски и друштвени активности, а во главниот дел го прочитаа студентскиот едикт по што следеше и музичка програма. Градот беше полн до полноќ и потоа исчистен од страна на студентите и граѓани кои доброволно останаа да им помогнат.
Гледајте ја целата репортажа.
Post Views: 1.512 -
Засилени напори да се решат состојбите во Косово и БиХ
Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК

