Амбасадорот Ѓукиќ со позитивни прогнози за балканските држави – Секуловски од ЗНМ повикува да не се попречува работата на новинарите на претстојните избори.
Поранешниот Амбасадор на Србија во Белорусија и дипломат со огромно искуство во дипломатски мисии во Москва, Приштина и Софија, Д-р Среќко Ѓукиќ е гостин во овој Лавиринт. Го анализиравме доаѓањето на кинескиот Претстедател, Си Џипинг во Белград и Париз, но ги анализиравме и актуелните воени жаришта во Украина и Газа, како и односите на Балканот.
Дипломатот Ѓукиќ очекува ескалација на фронтот во Украина која ќе биде показател за тоа во кој правец ќе се движи војната и вели дека Русија добива повеќе помош од своите сојузници, отколку Украина од своите пријатели на Западот.
За дијалогот Белград – Приштина, дипломатот смета дека идниот Специјален Пратеник на ЕУ за овој дијалот, кој најверојатно ќе биде поранешниот Претседател на Словенија, Борут Пахор, и во пракса ќе го оствари она што го направи досегашниот Пратеник Мирослав Лајчак, а тоа е завршување на формалната рамка со Бриселскиот договор и Охридскиот Анекс.
Што се однесува до проширувањето на ЕУ, Ѓукиќ вели дека Унијата конечно сфати дека зачленувањето на балканските држави, како и на Украина и Молдавија е нивна безбедносно стратешка цел и очекува во наредниов мандат тоа да се оствари.
Гостин во ова издание на Лавиринт е и директорот на ЗНМ, Драган Секуловски со кого разговаравме за безбедноста на новинарите, нападите кон нив преку компјутерски систем, но и за правата на новинарите да известуваат од избирачките места. Секуловски потсети дека ова се први избори во земјава кадешто новинарите имаат својство на службени лица.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Хитај: Откако Албанија ги реши билатералните спорови, битката со корупцијата е последниот чекор кон ЕУ
Апсењето на екс Претседателот Мета, мигрантските кампови и ЕУ патот на Албанија во фокусот на овој Лавиринт.
Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.
Post Views: 1.262 -
Засилени напори да се решат состојбите во Косово и БиХ
Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК
-
Тензично во Србија: Граѓаните не се откажуваат – власта не попушта
Интервју со пратеникот, Срѓан Миливојевиќ
Тензиите и протестите во Србија не стивнуваат. Граѓаните не се откажуваат од барањето одговорност за несреќата во која животот го загубија 15 лица. Во меѓувреме, власта апси демонстранти, а опозицијата се обидува да ги извади од притвор. Блокади почнаа и студентите од речиси сите факултети ширум Србија. За ова и за идните чекори на опозицијата разговараме со пратеникот од редовите на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ.
Гледајте го целото интервју.
Post Views: 1.257

