Лавиринт во Косово
Партијата на Албин Курти, Самоопределување доби најмногу гласови на косовските редовни парламентарни избори. Ова се први редовни избори од осамостојувањео на Косово во 2008. Актуелниот премиер ќе мора да направи коалиција ако сака да ја заджи премиерската фотелја. Аналитичарите со кои разговаравме велат дека Курти има две опции, или коалиција со опозицијата или со малцинствата. Преговорите допрва почнуваат. Во кампањата која помина мирно, фокусот на политичарите претежно беше на етничките прашања, а фокусот на народот, сепак е на реалните општествени проблеми како економијата, отселувањето и корупцијата. За сите овие прашања, како и за меѓународните односи на Косово под водство на Албин Курти, разговараме со новинарката Вјоса Черкини во Приштина. Во Митровица раговаравме со политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу и во Северна Митровица ги прашавме граѓаните што мислат за овие избори.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Брондони за штрајкот на новинарите на РАИ: Не сме навикнати на цензура
Интервју со италијанската новинарка и писателка, Кристина Брондони
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката и писателка од Италија, Кристина Брондони. Разговаравме за политиката на италијанската Влада кон политиката за проширување на ЕУ, поддршката на Укрина, како и за интересот на Италијанците за претстојните избори на Унијата. Брондони вели дека Владата на Мелони ја задржа политиката на поддршка за Украина и поддршка за проширувањето на Унијата, особено за влезот на Албанија, со оглед на пријателските односи на премиерката Мелони со премиерот Рама. Што се однесува до претстојните европски избори, Брондони вели дека тие повеќе интерес за нив имаат политичките партии во Италија отколку народот кој смета дека домашните проблеми се поважни. Разговаравме и за медиумите во Италија, штрајкот на новинарите на јавниот сервис за цензура од Владата на Мелони, како и за неговата структура.
Post Views: 1.127 -
Македонија доби нова Претседателка – Земји од Источна Европа се борат за демократија
Анализа на македонската дипломатија, Вклучување од Грузија и Украина за состојбите со протестите и војната.
Прв гостин во ова издание на Лавиринт е поранешниот Амбасдор на Македонија во Шведска и Романија, Тихомир Илиевски. Разговаравме за заклетвата која ја положи новата Претседателка и за реакциите кои ги предизвика кај нашите соседи. И покрај реакциите и потешкотиите во билатералните односи, дипломатот сепак е оптимист за евроинтеграцијата на Македонија, како и за нормализација на односите на целиот Балкан.
Во Грузија се случуваат масовни граѓански протести за законот за „странски агенти“ кој ја одалечува државата од европскиот пат, но и сериозно ја загрозува егзистенцијата и слободата на грузиските граѓани. Од Тбилиси, ни се вклучи Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија, која подетално ни објасни што претставува овој закон и зошто толкав број луѓе излегоа на улица. Разговаравме за употребата на прекумерна сила од страна на полицијата при апсењето мирни демонстранти и за правната борба да се заштитат приведените.
Во Лавиринт го вклучивме и доброволецот во Украинските одбранбени територијални сили, Володимир Сапехин. Володимир повеќе од две години оди до фронтовите и назад. Разговаравме за моменталната состојба на фронтовите, за напредокот на руските сили во харковскиот регион, но и за неговите личните чувства за двете реалности кои ги живее..
Post Views: 1.909 -
Деца во Газа умираат од неухранетост – Хуманитарците и буквално си ги даваат животите за да помогнат
Интервјуа со Високиот претставник на ОН за Газа, Џејми Голдрик и со претставник на Цевениот Крст во Рафа, Хишам Мхана

