Лавиринт во Косово
Партијата на Албин Курти, Самоопределување доби најмногу гласови на косовските редовни парламентарни избори. Ова се први редовни избори од осамостојувањео на Косово во 2008. Актуелниот премиер ќе мора да направи коалиција ако сака да ја заджи премиерската фотелја. Аналитичарите со кои разговаравме велат дека Курти има две опции, или коалиција со опозицијата или со малцинствата. Преговорите допрва почнуваат. Во кампањата која помина мирно, фокусот на политичарите претежно беше на етничките прашања, а фокусот на народот, сепак е на реалните општествени проблеми како економијата, отселувањето и корупцијата. За сите овие прашања, како и за меѓународните односи на Косово под водство на Албин Курти, разговараме со новинарката Вјоса Черкини во Приштина. Во Митровица раговаравме со политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу и во Северна Митровица ги прашавме граѓаните што мислат за овие избори.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Балканот ја потврди поддршката за Украина – Заканата од прелевање на жариштата се зголемува
Анализа со новинарот Сеад Ризвановиќ и репортажа од посетата на Зеленски самитот
во Тирана -
Шекеринска назначена за втор човек на НАТО – Што значи тоа за државата?
Интервју со безбедносниот експерт и поранешен советник во министерството за одбрана, Емир Хасановиќ
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е назначена за Заменик Генерален Секретар на НАТО, со што станува првата Македонка која добива висока функција во најмоќната воена Алијанса на светот. Шеќеринска беше на чело на министерството токму во моментот кога се случи приемот во НАТО, а нејзиното назначување за нашата држава може да биде само позитивно – смета експертот за безбедност и поранешен советник во министертвото за одбрана, Емир Хасановиќ. Поразговаравме и за идните очекувања од Алијансата, како и за актуелните европски и глобални безбедносни прашања.
Гледајте го целото интервју.
Post Views: 2.696 -
Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград
Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел
Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.
Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.Post Views: 1.563

