Анализа со Иво Рангеловиќ
Терористичкиот напад во Москва, зголемената безбедност во европските држави, Унијата меѓу желбите за борба против климатските промени и незадоволството на земјоделците и европските избори во фокус на разговорот со политичкиот аналитичар Иво Рангеловиќ. Терористичкиот напад му направи уште поголеми внатрешни проблеми на Путин и затоа му беше потребно алиби и впрерување на прстот кон Украина, но еден ден тој ќе требаа тоа да го објасни на граѓаните е еден од заклучоците од разговорот. Во однос на растргнaтоста на Европската Унија помеѓу климатските и земјоделските политики, Рангеловиќ смета дека Унијата ќе мора да попушти и да ги заштити земјоделците.
Накратко во Лавиринт ви пренесуваме и мал дел од он лајн прес конференцијата со странските новинари на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Шпанците со поддршка за признавање на Палестина, но се исплашени од внатрешнитеосцилации на крајната десница
Стравува ли Шпанија од десничарска блокада на прогресивните аспирации?
Шпанија е една од државите која ја призна Палестина. Во нејзината престолнина, европската крајна десница го имаше најголемиот митинг пред претстојните европски избори. На овие теми разговараме со новинарот Роџер Персива од Мадрид кој во детали ни ја објасни ситуацијата во Шпанија и однесувањето на шпанските власти.
Втора гостинка во Лавиринт е политикологот и истражувач Соња Стојадиновиќ. Разговаравме за активните војни, како и за истражувањата на Стојадиновиќ кои се однесуваат на кинеските инвестиции и кредити на Балканот и во Европа.
Post Views: 3.049 -
Трамп се враќа во Овалната Канцеларија – Дали ќе ги сопре војните како што вети?
Американците се изјаснија – тројна победа за Републиканците.
Американците се изјаснија, го враќаат Трамп во Белата Kуќа. Лавиринт со јавувања од Тампа, Флорида и Синсинати, Охајо анализира како новиот Претседател дојде до оваа победа и како неговиот избор ќе се одрази на глобалната геополитика. Атмосферата од Флорида ни ја пренесува новинарката Џалиса Дугро, а анализата за идните чекори на Трамп на светската политичка сцена ја правиме со Професорот Иван Динев од Универзитетот во Синсинати.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.376 -
Српските студенти пишуваат историја – Нерегуларности при изборот на РЕМ, продолжува линчот врз новинари и активисти
ФОКУС НА СРБИЈА
Српските студенти не се откажуваат од блокади. По 24 часовната блокада на белградска Автокоманда, викендов ќе се блокира Нови Сад. Поминаа три месеци од страшната несреќа која однесе 15 животи и исто толку од блокадите на студентите кои ја разбудија цела Србија.
Во ова издание на Лавиринт разговараме со професорката од Правниот факултет во Белград, Александра Крстиќ која беше и кандидатка за член на РЕМ, регулаторното тело за надзор на електронските медиуми, но заедно со уште 6 професори ги повлекоа своите кандидатури поради бројни нерегуларности во процесот.
Разговараме и со колегата новинар, Никола Крстиќ кој е еден од новинарите кој се соочува со јавен линч и етикетирање од страна на провладини таблоиди.
Post Views: 1.491

