Анализа на состојбата во Европа во очи воените конфликти, економските проблеми и општествената пост-ковид консолидација.
Форумот Ервопеум кој се одржа во организација на Институтот за Европска политика даде осврт на досегашната состојба со механизмите за владеење на правото во ЕУ и механизамот за раст на унијата, во чии рамки се дискутираше напредокот на земјите аспиранти на патот кон ЕУ кога е во прашање владеењето на правото.
Ваквите настани имаат за цел унапредување на реформите кои земјите кандидатки може да ги преземат уште пред зачленувањето, правејќи ги силен кандидат со спроведени внатрешни реформи со цел европеизација на општествено-институционалната околина во овие држави.
Патот кон Унијата е поплочен со успешно спроведени реформи, но дачи Македонија се изгуби на патот кон ЕУ?
Може ли да се победи корупцијата која е главен проблем на државава кога е во прашање европеизацијата?
Како да го ослободиме судството од синџирот на политичко и бизнис заробеништво – Законите се донесени, но колку се спроведуваат?
Гледајте го новото издание на Лавиринт и дознајте што е следно во битката за членство во ЕУ, каде е Македонија на мапата и ќе се изнајде ли вистинската рута до интеграција. Наш гостин во ова издание е Беба Жагар од Институтот за Европска политика.
Анализа со Андреја Стојковски: вропските избори и македонските билатерални
односи со соседите
Европските избори завршија без промена во парламентарното мнозинство, но сепак со зголемување на бројот на пратеници на крајната десница. Составот на Европскиот Парламент можеби нема да претрпи големи промени, но промени се случуваат во домашната политика на земји членки со големо политичко влијание. Што ќе значи ова за Унијата и нејзините одделни политики во иднина анализираме со Андреја Стојковски од Преспа Институтот. Политиката за проширување, зелената агенда, како и Заедничката надворешна и безбедносна политика се дел од темите на кои разговаравме. Ги анализиравме и нашите заострени односи со соседите и очекувањата од идната македонска Влада кога се во прашање билатералните договори.
Каков курс ќе заземе новата политичка гарнитура во ЕУ?
Соседите на Македонија повторно ја користат земјава за внатрешно политички цели, Европската Унија во изборен процес кој многу ги подели жителите на Унијата, новата европска гарнитура ја чекаат уште поголеми предизвици, воените жаришта се уште го делот светот – на овие теми во Лавиринт разговараме со политикологот Виктор Јакимовски.