Gaza

Анализи на конфликтините зони и искуства од воените жаришта

Серија интервјуа за кризните подрачја и лични искуства на новинари и хуманитарци - Сима Џилани, Мајкл Боцјуркив, Аделин Пертисор и Гиорги Долидзе во овој Лавиринт.

Оваа недела Лавиринт во Тбилиси на еден од најголемите новинарски настани – ЗЕГ фестивалот. Имавме прилика да поразговараме со новинари од целиот свет за актуелните состојби во нивните држави. Ви претставуваме серија интервјуа за државите кои во моментов се глобални вести.

Поразговаравме со една од главните говорнички на настанот, докторка која го посветува животот на лечење деца во најзагрозените места во светот, Сима Џилани. Разговаравме за големата хуманитарна катастрофа која ни се случува пред очи, Појасот Газа и за тоа како може да се помогне на луѓе отсечени од секаква помош. Сима го сподели и личното искуство за тоа какво е mчувството да се лекува сопственото дете повредено во експлозија во Бејрут.

Војната во Украина се уште беснее, а по доаѓањето на власт на американскиот Претстедател Доналд Трамп, се чини дека руските напади на украинската престолнина се зачестени. Во меѓувреме, на Блискиот Исток, Израел и Иран жестоко се напаѓаат. За состојбата во Украина и за актуелните жаришта на Блискиот Исток разговараме со аналитичарот од Атлантскиот Совет кој редовно анализира за СиЕнЕн и останатите глобални медиуми, Мајкл Боцјуркив.

На настанот имавме прилика да поразговараме и со колегата Аделин Пертисор од јавниот сервис на Романија кој е еден од најискусните воени репортери. Известувал од војните на Блискиот Исток, Африка, како и од балканските конфликти и имал прилика да направи интерјуа со голем број лидери, но и со озлогласени милитанти како Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Секако, разговаравме и за состојбата во Романија по поништените избори кога Уставниот суд препозна руско влијание во изборниот процес.

Откако Грузија доби нов проруски Претседател кој наметна низа недемократски закони, Грузијците протестираат секој ден. Слободата на медимите и дејствувањето на граѓанскиот секторсе под напад, а новинарите и граѓаните се соочуваат со затворски казни. Разговараме со грузискиот колега Гиорги Долидзе за тоа што се случува во неговата држава.

Гледајте ја целата епизода.

Дали правосудниот систем и меѓународното право ќе ги спречат спорните идеи на Трамп?

Интервју со професорот Иван Динев од Универзитетот Синсинати

Староновиот Претседател на САД, Доналд Трамп не престанува да го шокира светот. Идејата да се отселат жителите на Газа во друга земја, наиде на големо меѓународно незадоволство. Незадоволство и протести предизвика и одлуката да се затвори организацијата УСАИД која грантира многу сектори секаде низ светот. За овие теми, како и зза трговските политики на Трамп разговараме со професорот Иван Динев Иванов кој предава на Универзитетот во Синсинати. Професорот смета дека правосудниот систем ќе го спречи Трамп во намерата да ги депортира студентите кои протестирале за состојбата во Газа.

Трамп ја презема функцијата – Во Газа расте оптимизмот за траен мир

Јавувања од САД и Газа

Доналд Трмп и официјално ја презема функцијата Претседател на САД. Инаугурацијата заврши со сензационалистичко потпишување бројни одлуки кои имаат и меѓународни импликации. Една од нив е и повлекувањето од Парискиот климатски договор. Од САД ја вклучуваме репортерката Јалиса Дугро со анализа на инугуративниот ден на Трамп.

Во Газа пак, се слави прекинот на огнот и растат надежите за траен мир. Хуманитарна помош почна да пристигнува во појасот, а првите заложници веќе беа разменети. Викендов се очекува да се случи и втората размена. Од централна Газа ни се вклучува новинарот Ракан Абед Ел Рахман со кого разговараме за состојбата таму по долго бараниот прекин на огнот.

Јавување од Газа и анализа на глобалните политичко воени одлуки

Поглед на состојбата во Газа и политичките потези на глобалната шаховска табла.

Деца во Газа умираат од неухранетост – Хуманитарците и буквално си ги даваат животите за да помогнат

Интервјуа со Високиот претставник на ОН за Газа, Џејми Голдрик и со претставник на Цевениот Крст во Рафа, Хишам Мхана

Scroll to top