Се што треба да знаете за полиграфот
Овој Лавиринт го посветуваме на темата: детектирање на лагата. Двајцата искусни полиграфисти Никола Божиновски и Мирјанчо Атанасовски објаснуваат се што треба да знаеме за овој уред и преку симулација ни доловуваат како изгледа едно полиграфско тестирање. Освен тоа, во студиото го донесоа и новиот уред Eye Lie Detect со кој исто така направивме симулација за да покажеме како функционира. Разговаравме и за другите уреди и начини за детектирање на лага, но и за митот во кој сите веруваме дека може да се прелаже полиграфот. Разговаравме и за тоа дали и на кои здравствени состојби не може да се употребува уредот, за идејата за тестирање на цариниците, како и за финтите кои луѓето ги користеле во обид да ги изманипулираат резултатите. Полиграфистите во детали и научно ни објаснуваат зошто не е возможно да се изманипулира уредот и велат дека полиграфот, освен во безбедносните служби и криминалистиката, се почесто наоѓа примена и за расчистување на приватни и деловни прашања..
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Анализа на првите 100 дена од владеењето на Трамп – Како до фер избори во Србија
Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.
Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.
Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.
Гледајте ја целата емисија.
Post Views: 1.747 -
Дали ЕУ го менува курсот за мигрантската и политиката на проширување?
Берлински процес – 10 години подоцна
Лидерите од Западен Балкан заедно со европските колеги одбележаа 10 години од Берлинскиот процес. Ниту една балканска држава, во изминатава декада, не ја оствари својата цел да стане дел од европското семејство. За иднината на Унијата, промената на курсот на мигрантската и политиката на проширување, како и улогата на Германија на континентот, разговараме со колегата Александар Методијев.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.370 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.625

