Интервју со безбедносниот експерт и поранешен советник во министерството за одбрана, Емир Хасановиќ
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е назначена за Заменик Генерален Секретар на НАТО, со што станува првата Македонка која добива висока функција во најмоќната воена Алијанса на светот. Шеќеринска беше на чело на министерството токму во моментот кога се случи приемот во НАТО, а нејзиното назначување за нашата држава може да биде само позитивно – смета експертот за безбедност и поранешен советник во министертвото за одбрана, Емир Хасановиќ. Поразговаравме и за идните очекувања од Алијансата, како и за актуелните европски и глобални безбедносни прашања.
Гледајте го целото интервју.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Македонија доби нова Претседателка – Земји од Источна Европа се борат за демократија
Анализа на македонската дипломатија, Вклучување од Грузија и Украина за состојбите со протестите и војната.
Прв гостин во ова издание на Лавиринт е поранешниот Амбасдор на Македонија во Шведска и Романија, Тихомир Илиевски. Разговаравме за заклетвата која ја положи новата Претседателка и за реакциите кои ги предизвика кај нашите соседи. И покрај реакциите и потешкотиите во билатералните односи, дипломатот сепак е оптимист за евроинтеграцијата на Македонија, како и за нормализација на односите на целиот Балкан.
Во Грузија се случуваат масовни граѓански протести за законот за „странски агенти“ кој ја одалечува државата од европскиот пат, но и сериозно ја загрозува егзистенцијата и слободата на грузиските граѓани. Од Тбилиси, ни се вклучи Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија, која подетално ни објасни што претставува овој закон и зошто толкав број луѓе излегоа на улица. Разговаравме за употребата на прекумерна сила од страна на полицијата при апсењето мирни демонстранти и за правната борба да се заштитат приведените.
Во Лавиринт го вклучивме и доброволецот во Украинските одбранбени територијални сили, Володимир Сапехин. Володимир повеќе од две години оди до фронтовите и назад. Разговаравме за моменталната состојба на фронтовите, за напредокот на руските сили во харковскиот регион, но и за неговите личните чувства за двете реалности кои ги живее..
Post Views: 2.691 -
БЕЗ НИТУ ЕДНО ТВ СООЧУВАЊЕ СО ОПОНЕНТИТЕ – ЕДИ РАМА ОСТАНУВА ПРЕМИЕР
Интервју со новинарот Ардит Хоџа
Албанскиот премиер Еди Рама четврти пат победи на парламентарни избори и останува на чело на албанската Влада. Новинарите во Албанија велат дека победата била очекувана, а она што е неочекувано е освоениот број на пратенички места. Албанија доби зелено светло за отворање на преговорите за влез во ЕУ, но од друга страна Рама го пратеа бројни корупциски скандали во изминатиот период. За изборниот резултат и за очекувањата од старо новата Влада разговараме со новинарот на Евроњуз Албанија, Ардит Хоџа.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 2.024 -
Хитај: Откако Албанија ги реши билатералните спорови, битката со корупцијата е последниот чекор кон ЕУ
Апсењето на екс Претседателот Мета, мигрантските кампови и ЕУ патот на Албанија во фокусот на овој Лавиринт.
Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.
Post Views: 1.279

