Последни новости

Франција со предизвик да состави Влада – НАТО со нови Декларации

Јавување од Вашингтон и Анализа од Париз

Најголемата воена Алијанса ја одбележа 75 годишнината од своето постоење со Самит во чиј фокус е војната на европско тло. Лидерите на земјите членки се собраа во американската престолнина да ја потврдат заложбата за помош на Украина. Дел од нив, ги искористија маргините на Самитот за средби поврзани со билатерални прашања. Средба на македонскиот и грчкиот премиер не се случи, а новинарските кулоари велат дека немало интерес на големите сили да дискутираат за вакви прашања во рамки на Самитот. Од прес собата во Вашингтон ја вклучуваме воената репортерка и коресподент за висока политика од Романија, Кристина Чилеаку. Освен што Алијансата ги потврди заложбите за помош на Украина, Чилеаку не информира и за останатите договорени стратешки определби, како декларирање на Кина за земја помагач на руската агресија. Ја замоливме Чилеаку да ги проследи и средбите на македонскиот премиер.

Од француската престолнина пак, разговараме со советник во француското Собрание на теми поврзани со големиот пресврт кој се случи на изборите. Советникот Матијас Васкез од редовите на партијата на Макрон зборува за расположението на гласачите и за постапките на партиите кои водеа до ваков пресврт. Во моментов, главниот предизвик со кој се соочува Франција е изборот на премиер, за кој се чини дека победничката коалиција има потешкотии да го избере. Васкез е добар познавач на македонските и балканските состојби со оглед на фактот дека претходно бил на мисии во овие земји, па го искористивме ова јавување за да го прашаме и за мислење за францускиот предлог кој се наметна по бугарските најави за вето.

Погледнете ја целата емисија.

Хилтон VS Куршумли Ан

Дали некогаш сте се запрашале како изгледал туризмот во минатото?

Халили: Изборот на оваа Влада е добар настан за демократијата

Анализа на македонските надворешнополитички стратегии

Бисерот на Мијачијата Лазарополе

Денеска се вративме на корените – одиме во Лазарополе! Ќе ви ги покажам моите омилени места, а вие ќе одлучите зошто треба да дојдете.

Генерал Арсоски за потенцијалните разврски на активните војни

Анализа со Генерал Арсоски за македонските односи со соседите и за глобалните воени играчи

Гостин во ова издание на Лавиринт е Генерал Мајор Павле Арсоски кој на последните избори беше избран и за пратеник во македонското Собрание од редовите на новата политичка партија ЗНАМ. Разговаравме за идните чекори на македонската Влада во однос на почитувањето на меѓународните договори, како и за односите меѓу коалиционите партнери. Генералот вели дека околу почитувањето на меѓународните договори веќе се е јасно, а тоа е дека договорите ќе се почитуваат онаму кадешто треба, а Владата ќе вложи големи напори за да ги подобри добрососедските односи.

Со Генералот Арсоски разговаравме и за регионалните отворени прашања, како и за активните воени жаришта и можноста за нивно завршување. Генералот Арсоски го повтори ставот дека нападната страна има право да се брани, а крајот на двете активни војни го гледа во многу блиска иднина. За новиот Генерален Секретар на НАТО, Руте смета дека е одличен избор за Алијансата.

Погледнете го цело интервју.

Лебедовата љубов на војводата Карев и Коца

Крушевски романтики во време на револуција.

Хитлер од Мусинци

Знаеш ли дека во Македонија имало човек по име Хитлер? Неверојатно. Веленовела ќе го посети местото каде што живеел и ќе ви ја раскаже приказната за неговиот живот.
Scroll to top