Помалку од една недела до најважните американски избори во поновата историја. За Лавиринт, колешката Џалиса Дугро од Флорида разговараше со млади луѓе за нивните ставови и очекувања за претседателските кандидати.
Грузија пак, повторно на нозе по изборите во кои победи владејачката „Грузиски сон“. Народот, опозицијата и меѓународната јавност не ги признаваат резултатите. Унгарскиот Премиер Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој се појави со поддшка за грузиските колеги. Разговараме со Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија за атмосферата во Тбилиси и реакциите по изборите.
Гледајте ја целата епизода.
Трета женска Веленовела, за најголемите хероини од нашата историја. Илинденките си заслужуваат посебна епизода. Идеме.
Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.
Покрај жени ајдуци, имаме и жени партизанки. Па озбилна држава сме. Ајде да видиме кои се нашите хероини од втората светска војна.
Лидерите од Западен Балкан заедно со европските колеги одбележаа 10 години од Берлинскиот процес. Ниту една балканска држава, во изминатава декада, не ја оствари својата цел да стане дел од европското семејство. За иднината на Унијата, промената на курсот на мигрантската и политиката на проширување, како и улогата на Германија на континентот, разговараме со колегата Александар Методијев.
Гледајте ја целата епизода.
Две девојки со пушка на рамо против злосторници. И такви приказни имаме. Веленовела ќе ве запознае со Сирма и Румена војвода.
Првата бионичка рака која го носи потенцијалот да направи револуција во светот на лицата со попреченост, е направена токму од група на млади иноватори од Македонија.
Оваа иновација која е во завршна фаза пред пуштање во продажба за широките маси ќе донесе промени во секојдневието на лицата без екстремитети. Но, не само во функционална смисла, раката на еБионикс се очекува да донесе промени и во пазарната состојба во оваа сфера, носејќи со себе неколкукратно пониска продажна цена од досега достапните решенија на пазарот.
Во емисијата гостува Орхан Багашов, иноватор и креатор на првата бионичка рака во Македонија и основач на еБионикс, компанија за изработка на помагала за луѓето со попреченост.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на Media!
Војната на Блискиот Исток се разгорува. По нападите кои ги изврши Иран врз Израел, Ираел почна жестоко бомбардирање на неговиот сателит Хезболах во Либан и ги продолжи жестоките напади кон Појасот Газа. Во овој Лавиринт разговараме со наградуваната хуманитарка и борец за еднаков и бесплатен пристап до медицинска заштита, Марина Ел Каванд.
Разговаравме за моменталната состојба во Либан со бегалците и луѓето кои среде ноќе добиваат наредби за евакуација, за основните потрби за вода, храна и медикаменти, како и за улогата која ја има Хезболах во либанското општество.
Гледајте ја целата епизода.