Поглед на состојбата во Газа и политичките потези на глобалната шаховска табла.
Во овој Лавиринт гледаме уште едно ексклузивно јавување од Газа. Колегата Весам Табет раскажува за тоа како е да се биде новинар во најопасното место на Земјата.
Колегата Весам Табет има потреба од ваша помош. Секој што сака да помогне ве молиме стиснете тука.
Гостин во студиото аналитичарот Благојче Атанасовски со кого разговаравме за состојбата на Блискиот Исток и во Украина, но и за изборите во Европската Унија и за Балканската политика.
Според Атанасовски, Нетанјаху одамна ја има загубена поддршката на народот, а војната го отргна вниманието на јавноста од тоа незадоволство, се до последните протести кои ги прават роднините на киднапираните и студентите.
Што се однесува до апсењето Германци под сосмнение дека соработувале со кинеската тајна служба, Атанасовски вели дека тоа е во доменот на економскиот интерес на Кина која сака да го обнови „патот на свилата“.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Кандидатите кои беа против војната беа елиминирани од руската претседателска трка
Иванец за борбата за граѓаните и драконските закони на Путин
-
Демократијата треба да се потпира на активни и организирани граѓани – велиАмбасадорката Хулман
Интервју со Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман
Македонско-швајцарското пријателство трае повеќе од 30 години, вели Амбасдорката на Швајцарија, Вероник Хулман во гостување во Лавиринт. Разговаравме за новата програма за соработка која ја лансираше Амбасадата на Швајцарија, како и за досегашното искуство со македонските институции. Разговаравме за трите области во кои Швајцарија и помага на Северна Македонија, демократија, економски развој и животна средина, а ја прашавме Амбасадорката и кое и е омилено место за планинарење во земјава.
Гледајте го целото интервју.
Post Views: 1.431 -
Студентскиот едикт ја донесе цела Србија во Ниш
Репортажа од големиот собир на 1ви Март – Втор дел
Градот Ниш никогаш не бил погласен. Буквално сите улици беа исполнети со луѓе дојдени од цела Србија да ги поддржат студентите кои бараат правда за страшната несреќа која одзеде 15 животи. По петдневното пешачење, студентите имаа сила цели 18 часа да стојат на нишките улици. Граѓаните им се придружија бидејќи, како што велат, барањата на студентите се барања на народот. Атмосферата беше многу емотивна, а прегратките беа честа глетка низ улиците. Студентите имаа културна програма, спортски и друштвени активности, а во главниот дел го прочитаа студентскиот едикт по што следеше и музичка програма. Градот беше полн до полноќ и потоа исчистен од страна на студентите и граѓани кои доброволно останаа да им помогнат.
Гледајте ја целата репортажа.
Post Views: 1.109

