Анализа на состојбите во Франција и Грузија по изборите и сведоштво од протестите во Србија
По изборите во Франција се случи нов моментум во француската политика. Коалицијата е на стаклени нозе, а нови избори се можни дури по една година – објаснува во Лавиринт, политичкиот советник од редовите на партијата на Макрон, Матијас Васкес. Васкес беше дел и од набљудувачката мисија на изборите во Грузија и ни дава подетални информации за неправилностите во спроведувањето на изборите, кои резултираа со масовни протести.
Гостин во Лавиринт е и младиот режисер Леонид Велковски, кој во моментов студира во Нови Сад и ни ја пренесува атмосферата од масовните протести кои се случија таму по страшната несреќа на железничката станица во која загинаа 14 лица.
Гледајте ја целата епизода.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Мицкоски го презема „кормилото“ – Какви се очекувањата од новата Влада?
Анализа на новиот владин состав со Сашо Орданоски
-
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.127 -
Шекеринска назначена за втор човек на НАТО – Што значи тоа за државата?
Интервју со безбедносниот експерт и поранешен советник во министерството за одбрана, Емир Хасановиќ
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е назначена за Заменик Генерален Секретар на НАТО, со што станува првата Македонка која добива висока функција во најмоќната воена Алијанса на светот. Шеќеринска беше на чело на министерството токму во моментот кога се случи приемот во НАТО, а нејзиното назначување за нашата држава може да биде само позитивно – смета експертот за безбедност и поранешен советник во министертвото за одбрана, Емир Хасановиќ. Поразговаравме и за идните очекувања од Алијансата, како и за актуелните европски и глобални безбедносни прашања.
Гледајте го целото интервју.
Post Views: 2.129

