Интервјуа со Високиот претставник на ОН за Газа, Џејми Голдрик и со претставник на Цевениот Крст во Рафа, Хишам Мхана
Состојбата на цивилите во Газа е и повеќе од алармантна. Во Појасот не се дозволува влез на новинари, па само локалците кои се често без струја и интернет и хуманитарците кои останаат таму да помагаат, можат да ни дадат некаква слика и точна информација за тоа што се случува таму.
Хуманитарниот координатор на Обединети Нации за Палестина, Џејми МекГолдрик во Лавиринт ни раскажа во каква состојба ги затекнал бебињата во болницата во Газа и какви напори прават за да обезбедат нови рути за хуманитарните кордони, како и напорите да се изградат цевководи за целосно решавање на проблемот со недостаток на вода.
Во Лавиринт го вклучуваме и претставникот на Црвениот Крст од Рафа, Јужна Газа, Хишам Мхана со кого разговаравме за нивните хуманитарни акции внатре во Газа, за обидите да се спојат евакуираните деца со нивните родители и условите во кои живеат повеќе од милион луѓе.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Избори или само процес на гласање?
Српската опозиција бара помош од ЕУ, а Русите ја напуштаат државата за да се спасат од мобилизација.
-
Засилени напори да се решат состојбите во Косово и БиХ
Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК
-
Анализи на конфликтините зони и искуства од воените жаришта
Серија интервјуа за кризните подрачја и лични искуства на новинари и хуманитарци - Сима Џилани, Мајкл Боцјуркив, Аделин Пертисор и Гиорги Долидзе во овој Лавиринт.
Оваа недела Лавиринт во Тбилиси на еден од најголемите новинарски настани – ЗЕГ фестивалот. Имавме прилика да поразговараме со новинари од целиот свет за актуелните состојби во нивните држави. Ви претставуваме серија интервјуа за државите кои во моментов се глобални вести.
Поразговаравме со една од главните говорнички на настанот, докторка која го посветува животот на лечење деца во најзагрозените места во светот, Сима Џилани. Разговаравме за големата хуманитарна катастрофа која ни се случува пред очи, Појасот Газа и за тоа како може да се помогне на луѓе отсечени од секаква помош. Сима го сподели и личното искуство за тоа какво е mчувството да се лекува сопственото дете повредено во експлозија во Бејрут.
Војната во Украина се уште беснее, а по доаѓањето на власт на американскиот Претстедател Доналд Трамп, се чини дека руските напади на украинската престолнина се зачестени. Во меѓувреме, на Блискиот Исток, Израел и Иран жестоко се напаѓаат. За состојбата во Украина и за актуелните жаришта на Блискиот Исток разговараме со аналитичарот од Атлантскиот Совет кој редовно анализира за СиЕнЕн и останатите глобални медиуми, Мајкл Боцјуркив.
На настанот имавме прилика да поразговараме и со колегата Аделин Пертисор од јавниот сервис на Романија кој е еден од најискусните воени репортери. Известувал од војните на Блискиот Исток, Африка, како и од балканските конфликти и имал прилика да направи интерјуа со голем број лидери, но и со озлогласени милитанти како Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Секако, разговаравме и за состојбата во Романија по поништените избори кога Уставниот суд препозна руско влијание во изборниот процес.
Откако Грузија доби нов проруски Претседател кој наметна низа недемократски закони, Грузијците протестираат секој ден. Слободата на медимите и дејствувањето на граѓанскиот секторсе под напад, а новинарите и граѓаните се соочуваат со затворски казни. Разговараме со грузискиот колега Гиорги Долидзе за тоа што се случува во неговата држава.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.878

