Српската опозиција бара помош од ЕУ, а Русите ја напуштаат државата за да се спасат од мобилизација.
Коалицијата „Србија против насилство“ ја однесе битката против изборното насилство до Европските институции, а за тоа вредеше штрајкот со глад, вели пратеничката Мариника Тепиќ. Во Лавиринт таа емотивно зборува за цената која целото семејство ја плаќа за нејзината борба против криминал и корупција. Разговараме и за дијалогот Белград – Приштина, за кој не очекува решение додека Александар Вучиќ е на власт, бидејќи смета дека тој е еден од поттикнувачите на проблемот и не може да биде дел од решението. Што се однесува на прашањето за санкции кон Русија, Тепиќ вели дека Србија има евроаспирации и како таква треба да ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ.
Во Лавиринт гостува и новинарот и истражувач, Владислав Иванец, кој не се враќа во Русија за да избегне мобилизација. Тој вели дека граѓанското општество не ја поддржува инвазијата на Украина, а секој кој ќе се осмели да го каже тоа ризикува долги години затвор. Независните медиуми работат исклучиво од егзил. Поради драконските закони на Путин кои етапно се носат уште од 2012 наваму (закон за странски агенти), Иванец вели дека секој во Русија може да биде кривично гонет. Што се однесува до претстојните избори, сосема е извесно дека ќе победи Путин бидејќи кандидатите кои беа против војната беа елиминирани од трката. За последното интервју на Путин, смета дека не му направи услуга пред домашната јавност.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.796 -
БЕЗ НИТУ ЕДНО ТВ СООЧУВАЊЕ СО ОПОНЕНТИТЕ – ЕДИ РАМА ОСТАНУВА ПРЕМИЕР
Интервју со новинарот Ардит Хоџа
Албанскиот премиер Еди Рама четврти пат победи на парламентарни избори и останува на чело на албанската Влада. Новинарите во Албанија велат дека победата била очекувана, а она што е неочекувано е освоениот број на пратенички места. Албанија доби зелено светло за отворање на преговорите за влез во ЕУ, но од друга страна Рама го пратеа бројни корупциски скандали во изминатиот период. За изборниот резултат и за очекувањата од старо новата Влада разговараме со новинарот на Евроњуз Албанија, Ардит Хоџа.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 2.019 -
Дали правосудниот систем и меѓународното право ќе ги спречат спорните идеи на Трамп?
Интервју со професорот Иван Динев од Универзитетот Синсинати
Староновиот Претседател на САД, Доналд Трамп не престанува да го шокира светот. Идејата да се отселат жителите на Газа во друга земја, наиде на големо меѓународно незадоволство. Незадоволство и протести предизвика и одлуката да се затвори организацијата УСАИД која грантира многу сектори секаде низ светот. За овие теми, како и зза трговските политики на Трамп разговараме со професорот Иван Динев Иванов кој предава на Универзитетот во Синсинати. Професорот смета дека правосудниот систем ќе го спречи Трамп во намерата да ги депортира студентите кои протестирале за состојбата во Газа.
Post Views: 1.254

