Анализа со новинарот Сеад Ризвановиќ и репортажа од посетата на Зеленски самитот во Тирана
Гостин во ова издание на Лавиринт е колегата новинар Сеад Ризвановиќ со кого ги анализиравме состојбите на воените, но и потенцијалните жаришта како регионот Транснистрија во Молдавија. Ризвновиќ вели дека постои реална закана од прелевање на војната. Лавиринт беше и во Тирана да ја проследи првата посета на украинскиот Претседател Володимир Зеленски на Балканот. На самитот организиран од албанскиот премиер Еди Рама, присуствуваа сите балкански лидери, како и Претседателката на Молдавија Маја Санду. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во куса изјава рече дека сите се таму за да ја потврдат поддршката за Украина. Накратко застана и Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој е единствениот лидер во регионот кој одбива да наметне санкции на Русија. Иако инсистиравме на одговор, Вучиќ во негов стил (не) го одговори прашањето. Беше потпишана и Декларација за поддршка на Украина во која беа променети неколку термини по барање на српскиот претседател.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Анализи на конфликтините зони и искуства од воените жаришта
Серија интервјуа за кризните подрачја и лични искуства на новинари и хуманитарци - Сима Џилани, Мајкл Боцјуркив, Аделин Пертисор и Гиорги Долидзе во овој Лавиринт.
Оваа недела Лавиринт во Тбилиси на еден од најголемите новинарски настани – ЗЕГ фестивалот. Имавме прилика да поразговараме со новинари од целиот свет за актуелните состојби во нивните држави. Ви претставуваме серија интервјуа за државите кои во моментов се глобални вести.
Поразговаравме со една од главните говорнички на настанот, докторка која го посветува животот на лечење деца во најзагрозените места во светот, Сима Џилани. Разговаравме за големата хуманитарна катастрофа која ни се случува пред очи, Појасот Газа и за тоа како може да се помогне на луѓе отсечени од секаква помош. Сима го сподели и личното искуство за тоа какво е mчувството да се лекува сопственото дете повредено во експлозија во Бејрут.
Војната во Украина се уште беснее, а по доаѓањето на власт на американскиот Претстедател Доналд Трамп, се чини дека руските напади на украинската престолнина се зачестени. Во меѓувреме, на Блискиот Исток, Израел и Иран жестоко се напаѓаат. За состојбата во Украина и за актуелните жаришта на Блискиот Исток разговараме со аналитичарот од Атлантскиот Совет кој редовно анализира за СиЕнЕн и останатите глобални медиуми, Мајкл Боцјуркив.
На настанот имавме прилика да поразговараме и со колегата Аделин Пертисор од јавниот сервис на Романија кој е еден од најискусните воени репортери. Известувал од војните на Блискиот Исток, Африка, како и од балканските конфликти и имал прилика да направи интерјуа со голем број лидери, но и со озлогласени милитанти како Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Секако, разговаравме и за состојбата во Романија по поништените избори кога Уставниот суд препозна руско влијание во изборниот процес.
Откако Грузија доби нов проруски Претседател кој наметна низа недемократски закони, Грузијците протестираат секој ден. Слободата на медимите и дејствувањето на граѓанскиот секторсе под напад, а новинарите и граѓаните се соочуваат со затворски казни. Разговараме со грузискиот колега Гиорги Долидзе за тоа што се случува во неговата држава.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.109 -
Долидзе: Грузијците не се откажуваат од борбата за европска иднина – Ќе се протестира и завреме на празниците
Грузијците ќе ја пречекаат Новата Година на протести и нема да се откажат од својата европска иднина – вели првата опозиционерка од партијата For the people, Ана Долидзе. Долидзе е експерт по меѓународно право, до 2018 била правен советник на Претседателот, а потоа и член на Судскиот совет.
Во Лавиринт разговаравме за украдените избори и за руското хибридно влијание кое успеа да ја отргне земјата од евроинтегративниот пат. Протестите ескалираа, а употребата на водени топови и насилство од страна на полицијата, не ги предомисли Грузијците и понатаму да се борат за своите права. Околу 500 демонстранти, меѓу кои има и повредени, празниците ќе ги пречекаат во притвор. Со Долидзе разговаравме и за меѓународната поддршка и за санкциите кои ги наметнаа САД и Велика Британија за дел од грузијскоте власти, но не и Европската Унија.
Post Views: 1.075 -
Приведениот за обид за атентат го запознавме сите во Киев пред две години
Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа
Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.
Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев.
Post Views: 869

