Грузијците ќе ја пречекаат Новата Година на протести и нема да се откажат од својата европска иднина – вели првата опозиционерка од партијата For the people, Ана Долидзе. Долидзе е експерт по меѓународно право, до 2018 била правен советник на Претседателот, а потоа и член на Судскиот совет.
Во Лавиринт разговаравме за украдените избори и за руското хибридно влијание кое успеа да ја отргне земјата од евроинтегративниот пат. Протестите ескалираа, а употребата на водени топови и насилство од страна на полицијата, не ги предомисли Грузијците и понатаму да се борат за своите права. Околу 500 демонстранти, меѓу кои има и повредени, празниците ќе ги пречекаат во притвор. Со Долидзе разговаравме и за меѓународната поддршка и за санкциите кои ги наметнаа САД и Велика Британија за дел од грузијскоте власти, но не и Европската Унија.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Луѓето во Бејрут спијат по улици и плажи зошто зградите се таргетирани
Интервју со наградуваната хуманитарка од Бејрут, Марина Ел Каванд
Војната на Блискиот Исток се разгорува. По нападите кои ги изврши Иран врз Израел, Ираел почна жестоко бомбардирање на неговиот сателит Хезболах во Либан и ги продолжи жестоките напади кон Појасот Газа. Во овој Лавиринт разговараме со наградуваната хуманитарка и борец за еднаков и бесплатен пристап до медицинска заштита, Марина Ел Каванд.
Разговаравме за моменталната состојба во Либан со бегалците и луѓето кои среде ноќе добиваат наредби за евакуација, за основните потрби за вода, храна и медикаменти, како и за улогата која ја има Хезболах во либанското општество.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.364 -
Припадничките на ТИГАР инспирација за многу девојки
Специјално осмомартовско издание на лавиринт.
Ја посетивме касарната Илинден каде разговаравме со припадничките на Специјалната Антитерористичка Единица Тигар.
Овие жени ги кршат бариерите дека безбедносниот сектор е машка работа.Post Views: 1.930 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.749

