Дали е можно дека ерупција на вулкан ја предизвикал француската револуција? Ни јас не верував. Веленовела денес се качува по вулканите на револуцијата.
Правиме осврт на сѐ она што беше дел од содржините во емисијата во изминатите недели.
Иновациите и вештачката интелигенција и остануваат да бидат во фокусот на емисијата и во новиот амбиент од каде Инфотек ќе ги реализира своите содржини. Остануваме посветени на приказните кои го менуваат животот под влијание на технолошкиот развој, тука да ја следиме оваа и секоја идна револуција на иновации.
Наш соговорник е добро познатиот Виктор Велевски, вашиот домаќин во Веленовела до кого зборувавме за новините кои доаѓаат на ИДМедија и што сѐ ќе гледате во Веленовела понатаму.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на IDMedia!
Американците се изјаснија – тројна победа за Републиканците.
Американците се изјаснија, го враќаат Трамп во Белата Kуќа. Лавиринт со јавувања од Тампа, Флорида и Синсинати, Охајо анализира како новиот Претседател дојде до оваа победа и како неговиот избор ќе се одрази на глобалната геополитика. Атмосферата од Флорида ни ја пренесува новинарката Џалиса Дугро, а анализата за идните чекори на Трамп на светската политичка сцена ја правиме со Професорот Иван Динев од Универзитетот во Синсинати.
Во оваа епизода ќе ви зборувам за можеби најголемиот мангуп во моето село. Гледајте Веленовела и ќе откриете кој бил Ѓурчин Кокале и зошто ден денеска му се пеат песни.
Приказна за животот посветен на светло-уметноста и сценскиот настап
Инспиративна приказна за кариера посветена на сценската уметност, посветеноста на професијата и интересните моменти кои фрлаат уникатен зрак светлина врз нештата кои го прават животот опера со најразлични чина
Во емисијата гостува Милчо Александров, професионалец со повеќе од три децении искуство во областа на светло-сценската уметност во Македонската опера и балет.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на IDMedia!
Анализа на изборите во Грузија и анкета од Флорида за очекувањата на Американците.
Помалку од една недела до најважните американски избори во поновата историја. За Лавиринт, колешката Џалиса Дугро од Флорида разговараше со млади луѓе за нивните ставови и очекувања за претседателските кандидати.
Грузија пак, повторно на нозе по изборите во кои победи владејачката „Грузиски сон“. Народот, опозицијата и меѓународната јавност не ги признаваат резултатите. Унгарскиот Премиер Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој се појави со поддшка за грузиските колеги. Разговараме со Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија за атмосферата во Тбилиси и реакциите по изборите.
Како е да се работи и живее од Инстаграм прекунпримерот на Мери Амбросова, влијателна личност и мотивациски говорник од социјалните мрежи.
Инстаграм и заработката, како оваа социјална мрежа го менува напето секојдневие и навики на живот и остварување профит?
Во емисијата гостува Мери Амбросова, јавна личност и мотивациски говорник од инстаграм, која со својата работа го менува животот на жените во Македонија кон подобро.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на IDMedia!
Апсењето на екс Претседателот Мета, мигрантските кампови и ЕУ патот на Албанија во фокусот на овој Лавиринт.
Албанија тргна во жестока борба против корупцијата – вака албанските граѓани гледаат на апсењето на поранешниот Претседател, Илир Мета. Со колегата Арбер Хитај од Репорт ТВ од Тирана, разговараме за апсењето и за довербата во Специјалното Обвинителство. Теми на разговор беа и мигрантскиот камп, како и евроинтеграциите, односно одблокираниот пат на Албанија и балканската тура на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која почна токму од Тирана.
По Тирана, Фон дер Лајен го посети Скопје. Од Владата, таа ги уверуваше граѓаните дека проширувањето останува во фокусот на европската агенда. Ниту Претседателката на ЕК Фон дер Лајен, ниту Премиерот Мицкоски не дадоа конкретен одговор на прашањето дали за ЕУ е прифатлив предлогот за одложена имплементација на евентуалните уставни измени.