Иванец за борбата за граѓаните и драконските закони на Путин
Во Лавиринт гостува и новинарот и истражувач, Владислав Иванец, кој не се враќа во Русија за да избегне мобилизација. Тој вели дека граѓанското општество не ја поддржува инвазијата на Украина, а секој кој ќе се осмели да го каже тоа ризикува долги години затвор. Независните медиуми работат исклучиво од егзил. Поради драконските закони на Путин кои етапно се носат уште од 2012 наваму (закон за странски агенти), Иванец вели дека секој во Русија може да биде кривично гонет. Што се однесува до претстојните избори, сосема е извесно дека ќе победи Путин бидејќи кандидатите кои беа против војната беа елиминирани од трката. За последното интервју на Путин, смета дека не му направи услуга пред домашната јавност.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Симулација на полиграфско тестирање и на Eye Detect – Со какви финти се соочиле полиграфистите?
Се што треба да знаете за полиграфот.
-
Петровска: Секое нерешено прашање, за Русија е можност да го дестабилизира Балканот
Интервју со министерката за одбрана Славјанка Петровска
-

