Интервју со министерката за одбрана Славјанка Петровска
Месецов Северна Македонија ќе одбележи 4 години членство во НАТО. На теми поврзани со нашата улога во најголемиот воен сојуз во светот, разговараме со министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според неа, Северна Македонија денеска е безбедна земја и не гледа територијални закани по нас, но смета дека земјава не е имуна на хибридните закани. Зборувавме и за модернизацијата во македонската армија, како и за безбедносните прашања поврзани со Балканот и Европа.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Демократијата треба да се потпира на активни и организирани граѓани – велиАмбасадорката Хулман
Интервју со Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман
Македонско-швајцарското пријателство трае повеќе од 30 години, вели Амбасдорката на Швајцарија, Вероник Хулман во гостување во Лавиринт. Разговаравме за новата програма за соработка која ја лансираше Амбасадата на Швајцарија, како и за досегашното искуство со македонските институции. Разговаравме за трите области во кои Швајцарија и помага на Северна Македонија, демократија, економски развој и животна средина, а ја прашавме Амбасадорката и кое и е омилено место за планинарење во земјава.
Гледајте го целото интервју.
Post Views: 2.072 -
Димитрова: Сите ја поддржаа кандидатурата на Захариева за ЕК
Разговор со новинарката Димитрова за состојбите во Бугарија и македонското прашање.
Бугарија се наоѓа пред седмите парламентарни избори и веќе три години е во политичка криза поради неможноста да избере стабилна Влада. Во предизборието, Македонија уште повеќе е дел од реториката на политичките претенденти и се чини како тоа да е единствената точка по која тие се согласуваат.
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката Тоња Димитрова од Националниот сервис со која разговаравме не само за изборите, туку и за одлуките на Европскиот суд за човекови права кои Бугарија не сака да ги спроведе, Уставните измени кои ги бараат од нас, како и за проблемите кои Захариева ги има во политичката кариера кон европските институции.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.343 -
Брондони за штрајкот на новинарите на РАИ: Не сме навикнати на цензура
Интервју со италијанската новинарка и писателка, Кристина Брондони
Гостинка во ова издание на Лавиринт е новинарката и писателка од Италија, Кристина Брондони. Разговаравме за политиката на италијанската Влада кон политиката за проширување на ЕУ, поддршката на Укрина, како и за интересот на Италијанците за претстојните избори на Унијата. Брондони вели дека Владата на Мелони ја задржа политиката на поддршка за Украина и поддршка за проширувањето на Унијата, особено за влезот на Албанија, со оглед на пријателските односи на премиерката Мелони со премиерот Рама. Што се однесува до претстојните европски избори, Брондони вели дека тие повеќе интерес за нив имаат политичките партии во Италија отколку народот кој смета дека домашните проблеми се поважни. Разговаравме и за медиумите во Италија, штрајкот на новинарите на јавниот сервис за цензура од Владата на Мелони, како и за неговата структура.
Post Views: 1.700

