Јавување од Вашингтон и Анализа од Париз
Најголемата воена Алијанса ја одбележа 75 годишнината од своето постоење со Самит во чиј фокус е војната на европско тло. Лидерите на земјите членки се собраа во американската престолнина да ја потврдат заложбата за помош на Украина. Дел од нив, ги искористија маргините на Самитот за средби поврзани со билатерални прашања. Средба на македонскиот и грчкиот премиер не се случи, а новинарските кулоари велат дека немало интерес на големите сили да дискутираат за вакви прашања во рамки на Самитот. Од прес собата во Вашингтон ја вклучуваме воената репортерка и коресподент за висока политика од Романија, Кристина Чилеаку. Освен што Алијансата ги потврди заложбите за помош на Украина, Чилеаку не информира и за останатите договорени стратешки определби, како декларирање на Кина за земја помагач на руската агресија. Ја замоливме Чилеаку да ги проследи и средбите на македонскиот премиер.
Од француската престолнина пак, разговараме со советник во француското Собрание на теми поврзани со големиот пресврт кој се случи на изборите. Советникот Матијас Васкез од редовите на партијата на Макрон зборува за расположението на гласачите и за постапките на партиите кои водеа до ваков пресврт. Во моментов, главниот предизвик со кој се соочува Франција е изборот на премиер, за кој се чини дека победничката коалиција има потешкотии да го избере. Васкез е добар познавач на македонските и балканските состојби со оглед на фактот дека претходно бил на мисии во овие земји, па го искористивме ова јавување за да го прашаме и за мислење за францускиот предлог кој се наметна по бугарските најави за вето.
Погледнете ја целата емисија.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Приведениот за обид за атентат го запознавме сите во Киев пред две години
Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа
Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.
Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев.
Post Views: 947 -
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.293 -
Лавиринт ја проследи конститутивната седница ЕУ-МК во Европскиот Парлмент
Лавиринт ја проследи конститутивната седница ЕУ-МК во Европскиот Парлмент кој сега има ново парламентарно мнозинство.
За претседаравач беше избран Карло Реслер од хрватската ХДЗ која е член на мнозинската парламентарна група на Европската Народна Партија. Тој во изјава за Лавиринт вели дека е поддржувач на нашиот евроинтегративен пат и дека Парламентот ќе се обиде да одигра конструктивна улога во надминување на проблемите.
Post Views: 823

