Анализа на македонските надворешнополитички стратегии
Гостин во ова издание на Лавиринт е Дипломатот и член на Советот на Амбасадори, Мухамед Халили. Разговараме на многу теми поврзани со новата Влада и нивните идни чекори поврзани со иднината на Македонија.
Изборот на оваа Влада, Амбасадорот Халили го толкува како добар настан за демократијата. Разговаравме и за употребата на уставното име, за односите со нашите соседи низ годините и состојбата со почитувањето на важечките меѓународни договори. Направивме добра анализа за регионалните и глобалните текови и како ние треба да се поставиме во однос на нив. Погледнете го целото интервју.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Сексуалното насилство во време на војна, во фокусот на Women Peace Security Forum
Специјална награда за жените од Авганистан
-
Калач: Мала е веројатноста Нетанјаху да биде уапсен
Правна анализа на одлуката на Меѓународниот кривичен суд и постапките пред македонските судови.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројча челници на Хамас. Што тоа значи, кој би го уапсил Нетанјаху, но и каде е безбеден од кривичен прогон, разговараме со адвокатот Јасмин Калач. Калач не верува дека израелскиот премиер би патувал во држави потписници на Римскиот статут за да не биде приведе. Аргументот на Израел дека оваа одлука ги поистоветува двете страни не е издржана, смета адвокатот и вели дека судот донел ваква одлука затоа што не е селективен. Во меѓувреме, Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа палестинската држава.
Разговаравме и за двата правни процеси кои во моменов се водат во Македонија: Притворот за Врховниот судија Георгиев за земање поткуп, како и екстрадицијата на осомничениот за двојно убиство Палчо и почетокот на неговото судење. Погледнете ја целосната анализа.
Post Views: 2.132 -
Избори или само процес на гласање?
Српската опозиција бара помош од ЕУ, а Русите ја напуштаат државата за да се спасат од мобилизација.

