Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград
Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел
Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.
Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.
https://www.youtube.com/watch?v=L_LcMjhM7gc
Граѓаните на Скопје со солзи во очите го исполнија плоштадот
Тивок и мирен собир на скопскиот плоштад за трагично загинатите во пожарот во Кочани. Со солзи во очите, граѓаните по молкот запалија свеќи и оставија цвеќе.
Студентите на техничкиот кампус изразија почит за жртвите
Студентите на техничкиот кампус изразија почит за настраданите во страшниот пожар во Кочани.
Голем број студенти се собраа на платото пред УКИМ да изразат сочувство за настраданите во Кочани
Голем број студенти се собраа на кампусот на УКИМ да изразат сочувство за настраданите во страшниот пожар во дискотеката во Кочани. Обраќања имаа ректорката и министерката за образование, а на неколкумина студенти им се слоши за време на едно од обраќањата. Режисерот Леонид Велковски за ИД Медиа го проследи овој собир и поразговара со претседателот на УСС – УКИМ и со неколкумина студенти.
https://www.youtube.com/watch?v=ZPQl7qZlrbs
Оберхубер: Не очекувам Германија да ја прекине поддршката за одржлив развој
Интервју со директорот на ГИЗ за Северна Македонија, Давид Оберхубер
За неразвиените или помалку развиените земји, финансиската поддршка од меѓународната заедница е исклучително важна. По големите промени кои се случија во САД, а ги погодија граѓанскиот сектор, дел од медиумите, како и државните институции, се наметнува прашањето дали и други држави ќе го следат истиот пример. Конкретно, денеска разговараме за тоа дали Германија ќе ја задржи досегашната политика да им помага на неразвиените. За ова разговараме со директорот на Германската организација за меѓународна соработка ГИЗ, Давид Оберхубер.
https://www.youtube.com/watch?v=zgovChDGZXg
Студентскиот едикт ја донесе цела Србија во Ниш
Репортажа од големиот собир на 1ви Март – Втор дел
Градот Ниш никогаш не бил погласен. Буквално сите улици беа исполнети со луѓе дојдени од цела Србија да ги поддржат студентите кои бараат правда за страшната несреќа која одзеде 15 животи. По петдневното пешачење, студентите имаа сила цели 18 часа да стојат на нишките улици. Граѓаните им се придружија бидејќи, како што велат, барањата на студентите се барања на народот. Атмосферата беше многу емотивна, а прегратките беа честа глетка низ улиците. Студентите имаа културна програма, спортски и друштвени активности, а во главниот дел го прочитаа студентскиот едикт по што следеше и музичка програма. Градот беше полн до полноќ и потоа исчистен од страна на студентите и граѓани кои доброволно останаа да им помогнат.
Гледајте ја целата репортажа.
https://www.youtube.com/watch?v=DF4D_tf9iY8
Репортажа од дочекот на српските студенти во Алексинац и Ниш
Лавиринт ги следи студентските протести во Србија
Со солзи во очите, гласни аплаузи и огномети се дочекувани српските студенти во секој град. По големиот собир во Крагуевац, студентите организираа и пешачење до Ниш. Тргнаа од неколку различни градови и пешачеа цели пет дена до крајната дестинација. Во знак на поддршка, им се приклучија и неколкумина граѓани, група маратонци, како и група велосипедисти, а локалците со силни овации и факели им организираа дочек. На целото свое патешествие, студентите имаа медицинска поддршка обезбедена од студентите по медицина, но и од медицински персонал од установите низ Србија кој волонтерски отидоа да им ги лечат раните. Погледнете ја репортажа од дел од патешествието на студентите, а утре следува вториот дел, осносно репортажа од големиот собир на 1ви Март.
https://www.youtube.com/watch?v=yemZK0LJwU4