НАЈНОВИ

ВЕСТИ

Бидете секогаш информирани

Анализи на конфликтините зони и искуства од воените жаришта

Серија интервјуа за кризните подрачја и лични искуства на новинари и хуманитарци –
Сима Џилани, Мајкл Боцјуркив, Аделин Пертисор и Гиорги Долидзе во овој Лавиринт.

Оваа недела Лавиринт во Тбилиси на еден од најголемите новинарски настани – ЗЕГ фестивалот. Имавме прилика да поразговараме со новинари од целиот свет за актуелните состојби во нивните држави. Ви претставуваме серија интервјуа за државите кои во моментов се глобални вести.

Поразговаравме со една од главните говорнички на настанот, докторка која го посветува животот на лечење деца во најзагрозените места во светот, Сима Џилани. Разговаравме за големата хуманитарна катастрофа која ни се случува пред очи, Појасот Газа и за тоа како може да се помогне на луѓе отсечени од секаква помош. Сима го сподели и личното искуство за тоа какво е mчувството да се лекува сопственото дете повредено во експлозија во Бејрут.

Војната во Украина се уште беснее, а по доаѓањето на власт на американскиот Претстедател Доналд Трамп, се чини дека руските напади на украинската престолнина се зачестени. Во меѓувреме, на Блискиот Исток, Израел и Иран жестоко се напаѓаат. За состојбата во Украина и за актуелните жаришта на Блискиот Исток разговараме со аналитичарот од Атлантскиот Совет кој редовно анализира за СиЕнЕн и останатите глобални медиуми, Мајкл Боцјуркив.

На настанот имавме прилика да поразговараме и со колегата Аделин Пертисор од јавниот сервис на Романија кој е еден од најискусните воени репортери. Известувал од војните на Блискиот Исток, Африка, како и од балканските конфликти и имал прилика да направи интерјуа со голем број лидери, но и со озлогласени милитанти како Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Секако, разговаравме и за состојбата во Романија по поништените избори кога Уставниот суд препозна руско влијание во изборниот процес.

Откако Грузија доби нов проруски Претседател кој наметна низа недемократски закони, Грузијците протестираат секој ден. Слободата на медимите и дејствувањето на граѓанскиот секторсе под напад, а новинарите и граѓаните се соочуваат со затворски казни. Разговараме со грузискиот колега Гиорги Долидзе за тоа што се случува во неговата држава.

Гледајте ја целата епизода.

https://www.youtube.com/watch?v=tfV75Tk3izc

Демократијата треба да се потпира на активни и организирани граѓани – велиАмбасадорката Хулман

Интервју со Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман

Македонско-швајцарското пријателство трае повеќе од 30 години, вели Амбасдорката на Швајцарија, Вероник Хулман во гостување во Лавиринт. Разговаравме за новата програма за соработка која ја лансираше Амбасадата на Швајцарија, како и за досегашното искуство со македонските институции. Разговаравме за трите области во кои Швајцарија и помага на Северна Македонија, демократија, економски развој и животна средина, а ја прашавме Амбасадорката и кое и е омилено место за планинарење во земјава.

Гледајте го целото интервју.

https://www.youtube.com/watch?v=KVpNv_Q13EY

Пораката на српските студенти стигна до Парламентот во Стразбург – На ред е Брисел

Разговор со еден од велосипедистите кои извозеа 1500 километри

Велосипедистите кои возеа преку половина Еворпа за да достават порака до Европскиот Парламент во Стразбург, се вратија дома. Уште еден спектакуларен дочек им беше организиран во Нови Сад, по оние кои се случија во големите европски градови. Во овој Лавиринт го вклучуваме Вељко од техничкиот факултет во Нови Сад да ни раскаже за пораката која им беше предадена на европарламентарците и да ни ги пренесе искуствата од долгиот пат. Следен голем подвиг на српските студенти ќе биде трчање до Брисел.

https://www.youtube.com/watch?v=22lxzDu1vNs

Студентите на пат до европската престолнина – Велосипедистите со црвен тепих пречекани во Виена

Српските студенти со нов подвиг – со велосипеди до Стразбург. Тие беа пречекани во Братислава, Будимпешта каде добија поддршка и од градоначалникот на унгарската престолнина, но најголемиот дочек им беше организиран во Виена каде и има најголема српска дијаспора. Од Виена, веднаш по пристигнувањето разговаравме со Слободан Књежевиќ, кој одлучи да им се приклучи на студентите во овој подвиг и Урош Петровиќ, кој е на магистерски студии во Виена, а беше на плоштадот да ги пречека велосипедистите. Во ова издание на Лавиринт, гостинка во студио ни беше и воена пилотка на американската армија со која поразговаравме за тоа како донесе одлука да лета и каков беше патот до таа позиција.

https://www.youtube.com/watch?v=5pPGGruFodY

What have Balkan countries done to protect the women in the post conflict period?

In this episode of Transitional justice we talk about the protection of women in the post conflict period. The UN recognized the need to highlight the role and the position of women in the world after armed conflicts and adopted the Resolution 1325. This Resolution urges all actors to increase the participation of women and incorporate gender perspectives in all UN peace and security efforts. Our interlocutor for this topic is Professor Lidija Georgieva from the Faculty of Philosophy. We asked The Professor Georgieva what is done after the adoption of this Resolution, especially in the Balkan countries?

https://www.youtube.com/watch?v=xJkcwg5_W-g

Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград

Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел

Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.

Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.

https://www.youtube.com/watch?v=L_LcMjhM7gc

Граѓаните на Скопје со солзи во очите го исполнија плоштадот

Тивок и мирен собир на скопскиот плоштад за трагично загинатите во пожарот во Кочани. Со солзи во очите, граѓаните по молкот запалија свеќи и оставија цвеќе.

КАТЕГОРИИ

Лавиринт

Во турбулентни времиња, геополитичките игри отвораат нови ходници од лавиринтот.
Прочитај повеќе

Веленовела

Колку урбани приказни ве натерале да кажете: жити се? Во ВЕЛЕНОВЕЛА секоја епизода е „нема шанси“, а нема да чуете „јо сои ту мадре“.
Прочитај повеќе

Story chamber

Анализа на глобалната политичка сцена... Конфликти и преговори... Евроинтеграција или Балканизолација?
Прочитај повеќе
Scroll to top