Trump

Анализа на првите 100 дена од владеењето на Трамп – Како до фер избори во Србија

Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.

Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.

Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.

Гледајте ја целата емисија.

Три години војна – Дали Украина ќе се откаже од ретките минерали за да ја завршивојната?

Расте притисокот за преговори

Точно три години од почетокот на војната во Украина. По доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп, комплетно се промени поддршката на САД кон Украина и се зголеми притисокот за почнување мировни преговори. За тоа дали Украинците се подготвени да се откажат од ретките минерали и да ги исполнат барањата на Трамп, како и за јавното мислење во Украина за притисокот од САД, разговараме со Олена Халушка од Киев, ко-основач на Меѓународниот центар за украинска победа.

Трамп ја презема функцијата – Во Газа расте оптимизмот за траен мир

Јавувања од САД и Газа

Доналд Трмп и официјално ја презема функцијата Претседател на САД. Инаугурацијата заврши со сензационалистичко потпишување бројни одлуки кои имаат и меѓународни импликации. Една од нив е и повлекувањето од Парискиот климатски договор. Од САД ја вклучуваме репортерката Јалиса Дугро со анализа на инугуративниот ден на Трамп.

Во Газа пак, се слави прекинот на огнот и растат надежите за траен мир. Хуманитарна помош почна да пристигнува во појасот, а првите заложници веќе беа разменети. Викендов се очекува да се случи и втората размена. Од централна Газа ни се вклучува новинарот Ракан Абед Ел Рахман со кого разговараме за состојбата таму по долго бараниот прекин на огнот.

Scroll to top