Со солзи во очите, гласни аплаузи и огномети се дочекувани српските студенти во секој град. По големиот собир во Крагуевац, студентите организираа и пешачење до Ниш. Тргнаа од неколку различни градови и пешачеа цели пет дена до крајната дестинација. Во знак на поддршка, им се приклучија и неколкумина граѓани, група маратонци, како и група велосипедисти, а локалците со силни овации и факели им организираа дочек. На целото свое патешествие, студентите имаа медицинска поддршка обезбедена од студентите по медицина, но и од медицински персонал од установите низ Србија кој волонтерски отидоа да им ги лечат раните. Погледнете ја репортажа од дел од патешествието на студентите, а утре следува вториот дел, осносно репортажа од големиот собир на 1ви Март.
Српските студенти не се откажуваат од блокади. По 24 часовната блокада на белградска Автокоманда, викендов ќе се блокира Нови Сад. Поминаа три месеци од страшната несреќа која однесе 15 животи и исто толку од блокадите на студентите кои ја разбудија цела Србија.
Во ова издание на Лавиринт разговараме со професорката од Правниот факултет во Белград, Александра Крстиќ која беше и кандидатка за член на РЕМ, регулаторното тело за надзор на електронските медиуми, но заедно со уште 6 професори ги повлекоа своите кандидатури поради бројни нерегуларности во процесот.
Разговараме и со колегата новинар, Никола Крстиќ кој е еден од новинарите кој се соочува со јавен линч и етикетирање од страна на провладини таблоиди.
Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади
Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.
Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.
Тензиите и протестите во Србија не стивнуваат. Граѓаните не се откажуваат од барањето одговорност за несреќата во која животот го загубија 15 лица. Во меѓувреме, власта апси демонстранти, а опозицијата се обидува да ги извади од притвор. Блокади почнаа и студентите од речиси сите факултети ширум Србија. За ова и за идните чекори на опозицијата разговараме со пратеникот од редовите на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ.