Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.
Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.
Гледајте ја целата емисија.
По изборите во Франција се случи нов моментум во француската политика. Коалицијата е на стаклени нозе, а нови избори се можни дури по една година – објаснува во Лавиринт, политичкиот советник од редовите на партијата на Макрон, Матијас Васкес. Васкес беше дел и од набљудувачката мисија на изборите во Грузија и ни дава подетални информации за неправилностите во спроведувањето на изборите, кои резултираа со масовни протести.
Гостин во Лавиринт е и младиот режисер Леонид Велковски, кој во моментов студира во Нови Сад и ни ја пренесува атмосферата од масовните протести кои се случија таму по страшната несреќа на железничката станица во која загинаа 14 лица.
Гледајте ја целата епизода.
Помалку од една недела до најважните американски избори во поновата историја. За Лавиринт, колешката Џалиса Дугро од Флорида разговараше со млади луѓе за нивните ставови и очекувања за претседателските кандидати.
Грузија пак, повторно на нозе по изборите во кои победи владејачката „Грузиски сон“. Народот, опозицијата и меѓународната јавност не ги признаваат резултатите. Унгарскиот Премиер Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој се појави со поддшка за грузиските колеги. Разговараме со Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија за атмосферата во Тбилиси и реакциите по изборите.
Гледајте ја целата епизода.