Анализа со Генерал Арсоски за македонските односи со соседите и за глобалните
воени играчи
Гостин во ова издание на Лавиринт е Генерал Мајор Павле Арсоски кој на последните избори беше избран и за пратеник во македонското Собрание од редовите на новата политичка партија ЗНАМ. Разговаравме за идните чекори на македонската Влада во однос на почитувањето на меѓународните договори, како и за односите меѓу коалиционите партнери. Генералот вели дека околу почитувањето на меѓународните договори веќе се е јасно, а тоа е дека договорите ќе се почитуваат онаму кадешто треба, а Владата ќе вложи големи напори за да ги подобри добрососедските односи.
Со Генералот Арсоски разговаравме и за регионалните отворени прашања, како и за активните воени жаришта и можноста за нивно завршување. Генералот Арсоски го повтори ставот дека нападната страна има право да се брани, а крајот на двете активни војни го гледа во многу блиска иднина. За новиот Генерален Секретар на НАТО, Руте смета дека е одличен избор за Алијансата.
Анализа со Андреја Стојковски: вропските избори и македонските билатерални
односи со соседите
Европските избори завршија без промена во парламентарното мнозинство, но сепак со зголемување на бројот на пратеници на крајната десница. Составот на Европскиот Парламент можеби нема да претрпи големи промени, но промени се случуваат во домашната политика на земји членки со големо политичко влијание. Што ќе значи ова за Унијата и нејзините одделни политики во иднина анализираме со Андреја Стојковски од Преспа Институтот. Политиката за проширување, зелената агенда, како и Заедничката надворешна и безбедносна политика се дел од темите на кои разговаравме. Ги анализиравме и нашите заострени односи со соседите и очекувањата од идната македонска Влада кога се во прашање билатералните договори.