Анализа со Генерал Арсоски за македонските односи со соседите и за глобалните воени играчи
Гостин во ова издание на Лавиринт е Генерал Мајор Павле Арсоски кој на последните избори беше избран и за пратеник во македонското Собрание од редовите на новата политичка партија ЗНАМ. Разговаравме за идните чекори на македонската Влада во однос на почитувањето на меѓународните договори, како и за односите меѓу коалиционите партнери. Генералот вели дека околу почитувањето на меѓународните договори веќе се е јасно, а тоа е дека договорите ќе се почитуваат онаму кадешто треба, а Владата ќе вложи големи напори за да ги подобри добрососедските односи.
Со Генералот Арсоски разговаравме и за регионалните отворени прашања, како и за активните воени жаришта и можноста за нивно завршување. Генералот Арсоски го повтори ставот дека нападната страна има право да се брани, а крајот на двете активни војни го гледа во многу блиска иднина. За новиот Генерален Секретар на НАТО, Руте смета дека е одличен избор за Алијансата.
Погледнете го цело интервју.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград
Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел
Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.
Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.Post Views: 1.650 -
Засилени напори да се решат состојбите во Косово и БиХ
Косово ќе влезе во Советот на Европа, Бих доби зелено светло од ЕК
-
Студентите на пат до европската престолнина – Велосипедистите со црвен тепих пречекани во Виена
Српските студенти со нов подвиг – со велосипеди до Стразбург. Тие беа пречекани во Братислава, Будимпешта каде добија поддршка и од градоначалникот на унгарската престолнина, но најголемиот дочек им беше организиран во Виена каде и има најголема српска дијаспора. Од Виена, веднаш по пристигнувањето разговаравме со Слободан Књежевиќ, кој одлучи да им се приклучи на студентите во овој подвиг и Урош Петровиќ, кој е на магистерски студии во Виена, а беше на плоштадот да ги пречека велосипедистите. Во ова издание на Лавиринт, гостинка во студио ни беше и воена пилотка на американската армија со која поразговаравме за тоа како донесе одлука да лета и каков беше патот до таа позиција.
Post Views: 1.212

