Интервју со воениот репортер Јан Јесен
Гостин во ова издание на Лавиринт е воениот репортер од Германија, Јан Јесен кој постојано е на релација Украина – Блиски Исток. Јесен штотуку се врати од Украина и вели дека веќе е јасно видлива исцрпеноста од двегодишната војна. Според него, недостатокот на оружје е причината зошто Русите ја освоија Авдиивка. Што се однесува на смртта на Навални, Јесен ја толкува како порака до рускиот народ.
Разговаравме и за состојбата во Европската Унија и нејзините обиди да дојде до единствен став кога се работи за воените жаришта и наметнувањето санкции. Годинава избори има и во Унијата, а Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, која доаѓа од Германија, ќе се трка за втор мандат на чело на Комисијата. Јан одговара на прашањето: Дали Фон дер Лајен ја има поддршката од Германците и како тие гледаат на европските избори.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Луѓето во Бејрут спијат по улици и плажи зошто зградите се таргетирани
Интервју со наградуваната хуманитарка од Бејрут, Марина Ел Каванд
Војната на Блискиот Исток се разгорува. По нападите кои ги изврши Иран врз Израел, Ираел почна жестоко бомбардирање на неговиот сателит Хезболах во Либан и ги продолжи жестоките напади кон Појасот Газа. Во овој Лавиринт разговараме со наградуваната хуманитарка и борец за еднаков и бесплатен пристап до медицинска заштита, Марина Ел Каванд.
Разговаравме за моменталната состојба во Либан со бегалците и луѓето кои среде ноќе добиваат наредби за евакуација, за основните потрби за вода, храна и медикаменти, како и за улогата која ја има Хезболах во либанското општество.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.401 -
Припадничките на ТИГАР инспирација за многу девојки
Специјално осмомартовско издание на лавиринт.
Ја посетивме касарната Илинден каде разговаравме со припадничките на Специјалната Антитерористичка Единица Тигар.
Овие жени ги кршат бариерите дека безбедносниот сектор е машка работа.Post Views: 1.973 -
Жешка зима во САД: Пожари го пустошат Лос Анџелес – Сенаторите ги испрашуваат избраниците на Трамп
Разговор со новинарката Јалиса Дугрот
Пожари го пустошат центарот на филмската индустрија, Лос Анџелес. Опасност се уште постои. На политички план, течат сослушувањата пред Сенатот на избраниците на избраниот претседател Доналд Трамп.
За состојбите во САД разговараме со новинарката Јалиса Дугро. Гледајте го целиот разговор.
Post Views: 1.523

