Filtering Tag: Slider

Жени лидерки за обнова на Украина – Студенти за правда во Србија

Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади

Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.

Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.

Сирија ослободена од диктаторот, но тероризмот се уште е закана

Интервју со воениот репортер Бад Вичерс

По 13годишна граѓанска војна, речиси без борба падна режимот на Башар ал – Асад во Сирија. Бунтовничката ХТС (Хајат Тахрир ал Шам) ја презема власта и се обидува да направи мирна транзиција. Во меѓувреме, САД, Израел и Турција бомбардираат места кои се упоришта на ИСИС, курдската партија или места за кои постои сомнеж дека има остатоци од хемиското оружје кое го користеше Асад. Во оваа епизода разговараме со воениот репортер, Бад Вичерс од Холандија кој од самиот почеток на востанието во 2011 известува од Сирија. Вичерс има големо искуство во известувањето од Блискиот Исток, а во Сирија известувал од најголемите жаришта и бил во контакт со речиси сите фракции кои се бореа во Сирија. Тој вели дека е добро што конечно падна режимот, но сепак се сомнева од можни терористички жаришта, односно се сомнева дека ХТС ги прекинала сите врски со претходниот “чадор“ Ал Нусра фронт, кој практично беше сирискиот
огранок на Ал Каеда.

Македонско радио и телевизија – меѓу првите на Балканот

Пионери во технологијата

Колор сигнал имало во Скопје, пред да има во Белград! Шампионски потег. Во меѓувреме не престигнаа со технологијата,  ама тоа е. Веленовела за почетоците на МРТВ.

Шекеринска назначена за втор човек на НАТО – Што значи тоа за државата?

Интервју со безбедносниот експерт и поранешен советник во министерството за одбрана, Емир Хасановиќ

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е назначена за Заменик Генерален Секретар на НАТО, со што станува првата Македонка која добива висока функција во најмоќната воена Алијанса на светот. Шеќеринска беше на чело на министерството токму во моментот кога се случи приемот во НАТО, а нејзиното назначување за нашата држава може да биде само позитивно – смета експертот за безбедност и поранешен советник во министертвото за одбрана, Емир Хасановиќ. Поразговаравме и за идните очекувања од Алијансата, како и за актуелните европски и глобални безбедносни прашања.

Гледајте го целото интервју.

Премиера на концептуалниот театарски перформанс „Супер Марио живее У Скопје“

Во понеделник, на 18.11 во Театар на сенки и облаци ќе се оддржи премиерата на концептуалниот театарски перформанс "Супер Марио живее у Скопје".

Краткото театарско парче кое е наменето за деца и младинци ги обработува меѓучовечките односи преку мотиви на ликовите од култната видео игра Супер Марио. Автор на репликите и концептот е Никола Кузелов, но актерите сепак голем дел од својата игра ќе ја базираат на импровизации и комуникација со гледачите. 
 
Во театарскиот перформанс ќе учествуваат Ања Митиќ, Никола Кузелов, Нела Павловска и Виктор Велевски. Авторите велат дека иако станува збор за тетар наменет за помладите, сепак добродојдена е публика од сите возрасти бидејќи перформансот обработува теми важни се секоја индивидуа. 
 
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

Кравчук: Целта ни е Путин да сфати дека нема да бидеме „сива зона“ меѓу НАТО и Русија

Интервју со украинската пратеничка Јевгенија Кравчук која беше и набљудувач на изборите во САД

Дали и како ќе се спроведува Планот за Победа на украинскиот Претседател, Володимир Зеленски? Што значи враќањето на Трамп во Овалната канцеларија за Украина? На овие теми разговараме со украинската пратеничка, Јевгенија Кравчук која беше и набљудувач на изборите во САД. Пратеничката цврсто верува во победата на Украина и вели дека нејзината земја во изминатите три години работеше многу на производство на свое оружје, но сепак очекува сојузниците и понатаму да ја поддржуваат Украина. Разговаравме и за желбата на Украина да се приклучи на НАТО, како и за евентуалните преговори на високо ниво и можно учество на рускиот Претседател Владимир Путин на следната мировна конференција.

Франција се справува со новонастанатата политичка ситуација – Србија на нозе пострашната несреќа во Нови Сад

Анализа на состојбите во Франција и Грузија по изборите и сведоштво од протестите во Србија

По изборите во Франција се случи нов моментум во француската политика. Коалицијата е на стаклени нозе, а нови избори се можни дури по една година – објаснува во Лавиринт, политичкиот советник од редовите на партијата на Макрон, Матијас Васкес. Васкес беше дел и од набљудувачката мисија на изборите во Грузија и ни дава подетални информации за неправилностите во спроведувањето на изборите, кои резултираа со масовни протести.

Гостин во Лавиринт е и младиот режисер Леонид Велковски, кој во моментов студира во Нови Сад и ни ја пренесува атмосферата од масовните протести кои се случија таму по страшната несреќа на железничката станица во која загинаа 14 лица.

Гледајте ја целата епизода.

Француска револуција со исландски шмек

Вулканот што го промени светот

Дали е можно дека ерупција на вулкан ја предизвикал француската револуција? Ни јас не верував. Веленовела денес се качува по вулканите на револуцијата.
 

Во новиот амбиент на  IDMedia ќе слушаме за иновациите и приказните од светот на технологијата

Правиме осврт на сѐ она што беше дел од содржините во емисијата во изминатите недели.

Иновациите и вештачката интелигенција и остануваат да бидат во фокусот на емисијата и во новиот амбиент од каде Инфотек ќе ги реализира своите содржини. Остануваме посветени на приказните кои го менуваат животот под влијание на технолошкиот развој, тука да ја следиме оваа и секоја идна револуција на иновации. 

Наш соговорник е добро познатиот Виктор Велевски, вашиот домаќин во Веленовела до кого зборувавме за новините кои доаѓаат на ИДМедија и што сѐ ќе гледате во Веленовела понатаму.

Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек  на IDMedia!

Трамп се враќа во Овалната Канцеларија – Дали ќе ги сопре војните како што вети?

Американците се изјаснија – тројна победа за Републиканците.

Американците се изјаснија, го враќаат Трамп во Белата Kуќа. Лавиринт со јавувања од Тампа, Флорида и Синсинати, Охајо анализира како новиот Претседател дојде до оваа победа и како неговиот избор ќе се одрази на глобалната геополитика. Атмосферата од Флорида ни ја пренесува новинарката Џалиса Дугро, а анализата за идните чекори на Трамп на светската политичка сцена ја правиме со Професорот Иван Динев од Универзитетот во Синсинати.

Гледајте ја целата епизода.

Scroll to top