Колор сигнал имало во Скопје, пред да има во Белград! Шампионски потег. Во меѓувреме не престигнаа со технологијата, ама тоа е. Веленовела за почетоците на МРТВ.
Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска е назначена за Заменик Генерален Секретар на НАТО, со што станува првата Македонка која добива висока функција во најмоќната воена Алијанса на светот. Шеќеринска беше на чело на министерството токму во моментот кога се случи приемот во НАТО, а нејзиното назначување за нашата држава може да биде само позитивно – смета експертот за безбедност и поранешен советник во министертвото за одбрана, Емир Хасановиќ. Поразговаравме и за идните очекувања од Алијансата, како и за актуелните европски и глобални безбедносни прашања.
Гледајте го целото интервју.
Дали и како ќе се спроведува Планот за Победа на украинскиот Претседател, Володимир Зеленски? Што значи враќањето на Трамп во Овалната канцеларија за Украина? На овие теми разговараме со украинската пратеничка, Јевгенија Кравчук која беше и набљудувач на изборите во САД. Пратеничката цврсто верува во победата на Украина и вели дека нејзината земја во изминатите три години работеше многу на производство на свое оружје, но сепак очекува сојузниците и понатаму да ја поддржуваат Украина. Разговаравме и за желбата на Украина да се приклучи на НАТО, како и за евентуалните преговори на високо ниво и можно учество на рускиот Претседател Владимир Путин на следната мировна конференција.
По изборите во Франција се случи нов моментум во француската политика. Коалицијата е на стаклени нозе, а нови избори се можни дури по една година – објаснува во Лавиринт, политичкиот советник од редовите на партијата на Макрон, Матијас Васкес. Васкес беше дел и од набљудувачката мисија на изборите во Грузија и ни дава подетални информации за неправилностите во спроведувањето на изборите, кои резултираа со масовни протести.
Гостин во Лавиринт е и младиот режисер Леонид Велковски, кој во моментов студира во Нови Сад и ни ја пренесува атмосферата од масовните протести кои се случија таму по страшната несреќа на железничката станица во која загинаа 14 лица.
Гледајте ја целата епизода.
Иновациите и вештачката интелигенција и остануваат да бидат во фокусот на емисијата и во новиот амбиент од каде Инфотек ќе ги реализира своите содржини. Остануваме посветени на приказните кои го менуваат животот под влијание на технолошкиот развој, тука да ја следиме оваа и секоја идна револуција на иновации.
Наш соговорник е добро познатиот Виктор Велевски, вашиот домаќин во Веленовела до кого зборувавме за новините кои доаѓаат на ИДМедија и што сѐ ќе гледате во Веленовела понатаму.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на IDMedia!
Американците се изјаснија, го враќаат Трамп во Белата Kуќа. Лавиринт со јавувања од Тампа, Флорида и Синсинати, Охајо анализира како новиот Претседател дојде до оваа победа и како неговиот избор ќе се одрази на глобалната геополитика. Атмосферата од Флорида ни ја пренесува новинарката Џалиса Дугро, а анализата за идните чекори на Трамп на светската политичка сцена ја правиме со Професорот Иван Динев од Универзитетот во Синсинати.
Гледајте ја целата епизода.
Во оваа епизода ќе ви зборувам за можеби најголемиот мангуп во моето село. Гледајте Веленовела и ќе откриете кој бил Ѓурчин Кокале и зошто ден денеска му се пеат песни.
Помалку од една недела до најважните американски избори во поновата историја. За Лавиринт, колешката Џалиса Дугро од Флорида разговараше со млади луѓе за нивните ставови и очекувања за претседателските кандидати.
Грузија пак, повторно на нозе по изборите во кои победи владејачката „Грузиски сон“. Народот, опозицијата и меѓународната јавност не ги признаваат резултатите. Унгарскиот Премиер Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој се појави со поддшка за грузиските колеги. Разговараме со Екатерине Басилаија – директорка на Центарот за медиумски и социјални истражувања на Грузија за атмосферата во Тбилиси и реакциите по изборите.
Гледајте ја целата епизода.