Идит Охел: Од видео на Хамас видов дека мојот син е киднапиран, а неговите другари убиени.
Идит Охел, мајка на 23 годишниот Алон кој беше киднапиран од музичкиот фестивал на 7ми октомври од страна на Хамас, во Лавиринт раскажува за агонијата во која живее половина година откако нејзиниот син е во заложништво. Таа вели дека половина година не знае апсолутно ништо за нејзиниот син. Алон е надежен пијанист и има двојно, израелско и српско државјанство, а неговата мајка вели дека ја контактирала српската Влада да помогне некако. Идит раскажува за страшниот 7ми октомври, за нејзиниот син и напорите на семејствата да си ги вратат најблиските.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Луѓето во Бејрут спијат по улици и плажи зошто зградите се таргетирани
Интервју со наградуваната хуманитарка од Бејрут, Марина Ел Каванд
Војната на Блискиот Исток се разгорува. По нападите кои ги изврши Иран врз Израел, Ираел почна жестоко бомбардирање на неговиот сателит Хезболах во Либан и ги продолжи жестоките напади кон Појасот Газа. Во овој Лавиринт разговараме со наградуваната хуманитарка и борец за еднаков и бесплатен пристап до медицинска заштита, Марина Ел Каванд.
Разговаравме за моменталната состојба во Либан со бегалците и луѓето кои среде ноќе добиваат наредби за евакуација, за основните потрби за вода, храна и медикаменти, како и за улогата која ја има Хезболах во либанското општество.
Гледајте ја целата епизода.
Post Views: 1.228 -
Трамп ја презема функцијата – Во Газа расте оптимизмот за траен мир
Јавувања од САД и Газа
Доналд Трмп и официјално ја презема функцијата Претседател на САД. Инаугурацијата заврши со сензационалистичко потпишување бројни одлуки кои имаат и меѓународни импликации. Една од нив е и повлекувањето од Парискиот климатски договор. Од САД ја вклучуваме репортерката Јалиса Дугро со анализа на инугуративниот ден на Трамп.
Во Газа пак, се слави прекинот на огнот и растат надежите за траен мир. Хуманитарна помош почна да пристигнува во појасот, а првите заложници веќе беа разменети. Викендов се очекува да се случи и втората размена. Од централна Газа ни се вклучува новинарот Ракан Абед Ел Рахман со кого разговараме за состојбата таму по долго бараниот прекин на огнот.
Post Views: 1.342 -
Приведениот за обид за атентат го запознавме сите во Киев пред две години
Човекот што низ Киев шеташе брендиран во боите на својата држава, тргна против неа
Сите кои беа во Киев летото 2022 година, неизбежно го сретнаа приведениот за обид за атентат врз претседателскиот кандидат на САД, Доналд Трамп. Меѓу нив и авторката на Лавиринт, Кристина Атовска.
Во ова издание ги вклучуваме хуманитарецот од Германија, Кристијан Луц и новинарката од Италија, Кристина Брондони кои исто така го запознаа човекот во центарот на Киев.
Post Views: 1.141

