Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Деца во Газа умираат од неухранетост – Хуманитарците и буквално си ги даваат животите за да помогнат
Интервјуа со Високиот претставник на ОН за Газа, Џејми Голдрик и со претставник на Цевениот Крст во Рафа, Хишам Мхана
-
Профилирањето како алатка во борбата против современиот криминал
Криминалистичкото профилирање во светот е клучот за откривање на непознатите извршители на кривични дела.
Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?
Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?
За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт.
Post Views: 1.380 -
Предизвиците кои стојат пред Европската Унија во пост-ковид ерата
Анализа на состојбата во Европа во очи воените конфликти, економските проблеми и општествената пост-ковид консолидација.
Форумот Ервопеум кој се одржа во организација на Институтот за Европска политика даде осврт на досегашната состојба со механизмите за владеење на правото во ЕУ и механизамот за раст на унијата, во чии рамки се дискутираше напредокот на земјите аспиранти на патот кон ЕУ кога е во прашање владеењето на правото.
Ваквите настани имаат за цел унапредување на реформите кои земјите кандидатки може да ги преземат уште пред зачленувањето, правејќи ги силен кандидат со спроведени внатрешни реформи со цел европеизација на општествено-институционалната околина во овие држави.
Патот кон Унијата е поплочен со успешно спроведени реформи, но дачи Македонија се изгуби на патот кон ЕУ?
Може ли да се победи корупцијата која е главен проблем на државава кога е во прашање европеизацијата?
Како да го ослободиме судството од синџирот на политичко и бизнис заробеништво – Законите се донесени, но колку се спроведуваат?
Гледајте го новото издание на Лавиринт и дознајте што е следно во битката за членство во ЕУ, каде е Македонија на мапата и ќе се изнајде ли вистинската рута до интеграција. Наш гостин во ова издание е Беба Жагар од Институтот за Европска политика.
Post Views: 1.578

