Во турбулентни времиња, геополитичките игри отвораат нови ходници од лавиринтот. Меѓународните односи стануваат покомплицирани, а дипломатските маневри повешти. Од сратешки гамбит на соседите, до брзопотезни рокади на големите сили. Во средина, нашите евроаспирации. Дали земјите од Западен Балкан ќе го најдат влезот кој води до Европската Унија или ќе талкаат изгубено? На глобалната шаховска табла, масовното кршење на човековите права го крши балансот на војната и мирот, колективната безбедност станува предизвик, а надмудрувањата на големо го диктираат деликатниот танц меѓу конфликтот и решението. ЛАВИРИНТ со Кристина Атовска.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Граѓаните на улица против корупција и неказнивост
Голем број граѓани се собраа на Партизанска, на местото кадешто беше прегазена младата Фросина да побараат правда. Протестот продолжи до Собранието и заврши пред судовите. Граѓаните со молк изразија сочувство и голем дел од нив рекоа дека ќе продолжат да протестираат додека правдата не биде задоволена. На протестот присуствуваше семејството на младата Фросина, како и семејствата на претходните жртви на дивеењето на Партизанска.
Post Views: 995 -
Франција со предизвик да состави Влада – НАТО со нови Декларации
Јавување од Вашингтон и Анализа од Париз
Најголемата воена Алијанса ја одбележа 75 годишнината од своето постоење со Самит во чиј фокус е војната на европско тло. Лидерите на земјите членки се собраа во американската престолнина да ја потврдат заложбата за помош на Украина. Дел од нив, ги искористија маргините на Самитот за средби поврзани со билатерални прашања. Средба на македонскиот и грчкиот премиер не се случи, а новинарските кулоари велат дека немало интерес на големите сили да дискутираат за вакви прашања во рамки на Самитот. Од прес собата во Вашингтон ја вклучуваме воената репортерка и коресподент за висока политика од Романија, Кристина Чилеаку. Освен што Алијансата ги потврди заложбите за помош на Украина, Чилеаку не информира и за останатите договорени стратешки определби, како декларирање на Кина за земја помагач на руската агресија. Ја замоливме Чилеаку да ги проследи и средбите на македонскиот премиер.
Од француската престолнина пак, разговараме со советник во француското Собрание на теми поврзани со големиот пресврт кој се случи на изборите. Советникот Матијас Васкез од редовите на партијата на Макрон зборува за расположението на гласачите и за постапките на партиите кои водеа до ваков пресврт. Во моментов, главниот предизвик со кој се соочува Франција е изборот на премиер, за кој се чини дека победничката коалиција има потешкотии да го избере. Васкез е добар познавач на македонските и балканските состојби со оглед на фактот дека претходно бил на мисии во овие земји, па го искористивме ова јавување за да го прашаме и за мислење за францускиот предлог кој се наметна по бугарските најави за вето.
Погледнете ја целата емисија.
Post Views: 3.974 -
Жени лидерки за обнова на Украина – Студенти за правда во Србија
Јавување од Киев и разговор за српските студентски блокади
Трета Нова Година Украинците ќе ја пречекаат со војна. Состојбата на фронтовите нема големи изгледи да се промени без политчко решение, но затоа активностите за правење планови за обнова на државата во поствоениот период, стануваат се поистакнати. Од Украина ја вклучуваме Ирина Дробович, основач на фондацијата The Day After со која разговараме за потребата однапред да се испланира и инспирира обновата на Украина.
Во Србија пак, протестите се масивизираа откако студентите од сите факултети стапија во блокада. Тие добија поддршка од професорите, а по нив почна да блокира и средношколскиот Сојуз. Нашиот режисер Леонид Велковски кој студира на Новосадскиот факултет исто така е гостин во денешното издание на Лавиринт. Разговараме за активностите и за барањата на српските студенти.
Post Views: 1.219

