Баксуз, малер, несреќа… Се во петок се случува. Веленовела ќе ви помогне да го тргнете малерот.
Иако има 84 години, Градоначалникот на Малага во Шпанија е доказ дека интересот за вештачката интелигенција не познава старосна граница! За технолошкиот самит на Вештачка Интелегенција кој втора година по ред се одржува во Скопје, за оправданите и неоправданите стравови, познатото и непознатото, гледајте го првото издание на Инфотек со Филип Аврамчев од Ai Tech Summit Македонија.
Не е мала работа да се осамостоиш. На Кљусев му се треселе рацете, па не можел да го отвори шампањот! Ајде да видиме како изгледал 8 септември 1991 година!
Што е тоа што ги спојува Швајцарија, Македонија, екологија, рециклирање и чиста животна средина? Sound of green festival! Веленовела ќе се журка на фестивалот и ќе ви објасни каде се фрла ѓубрe.
Како еден од најзначајните партнери на Северна Македонија во управувањето со природните ресурси, Амбасадата на Швајцарија, во соработка со Пакомак и Макстил, овој петок (30.08.2024) го организира фестивалот Sound of Green во Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот ќе започне во 19:00 часот со отворање на изложбата насловена „CleanTech – швајцарски решенија за заштита на животната средина“. Оваа изложба ќе прикаже иновативни решенија во управување со отпад, одржливо земјоделство, зачувување на природните ресурси и примена на принципи на циркуларна економија во управувањето со водите. Некои од овие решенија се од приватниот сектор на Швајцарија, додека други доаѓаат од швајцарската програма за соработка со Северна Македонија.
Швајцарија, препознаена како водечки пример во Европа за постигнување високи еколошки стандарди, има за цел да ја пренесе клучната порака на фестивалот:
Одговорност е на целото општество – од државните институции до приватниот сектор и граѓанското општество – да ги инспирира и поттикне младите луѓе да се справуваат со денешните еколошки предизвици. Швајцарија во Северна Македонија континуирано поддржува вклученост на младите во општеството преку формални образовни процеси, мобилизација на граѓанскиот сектор, итн.
По изложбата, фестивалот ќе продолжи со неколку музички изведби со почеток во 20:30 часот, на кои ќе настапат музичари од Северна Македонија и од Швајцарија. Влезот на настанот е симболичен гест кон еколошката свест: едно празно пластично шише, празна лименка или инсталирана апликација Пакомак Екомак која може да ја превземете тука за IOS и тука за Androaid. Поставата вклучува настапи на бендот Мојра, како и Игор Џамбазов и Гуру Харе од Северна Македонија. Од Швајцарија, на македонската сцената за прв пат ќе настапат Орфија и Дј-ката Алекс Нантаја.
Оваа изложба и концерт се дел од пошироката прослава на 30 години дипломатски односи меѓу Швајцарија и Северна Македонија, со Пакомак и Макстил како главни партнери.
Слушајте ја Орфија:
Дона Алексија Нантаја Замарос (ДЈ Алекс Нантаја): На 26 години, ДЈ-ката Алекс Нантаја е на врвот на својата кариера, настапувајќи на некои од најголемите сцени во Швајцарија како Нордстерн, Д! Клуб и Ле Зоолошката градина/Усине. Со позадина во музичкиот конзерваториум, нејзините грув техно сетови ја истакнаа во електронската музичка сцена.
Слушајте ja ДЈ-ката Алекс Нантаја:
Погледнете ја Мојра:
Слушнете ги Игор Џамбазов и Гуру Харе:
Сте се запрашале ли кој е одговорен зошто градот ни изгледа вака? Или зошто на старите слики изгледа толку убав? Веленовела ќе направи преглед на градоначалниците од турско до денес. Уживајте.
Катастрофалниот земјотрес го разруши Скопје до темели. Веленовела ќе се наврати на најтажниот скопски ден.
Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?
Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?
За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт.
Редно е да направиме пресек на се што сме гледале досега. Веленовела овојпат ќе се прошета низ – Веленовела. Уживајте!
Форумот Ервопеум кој се одржа во организација на Институтот за Европска политика даде осврт на досегашната состојба со механизмите за владеење на правото во ЕУ и механизамот за раст на унијата, во чии рамки се дискутираше напредокот на земјите аспиранти на патот кон ЕУ кога е во прашање владеењето на правото.
Ваквите настани имаат за цел унапредување на реформите кои земјите кандидатки може да ги преземат уште пред зачленувањето, правејќи ги силен кандидат со спроведени внатрешни реформи со цел европеизација на општествено-институционалната околина во овие држави.
Патот кон Унијата е поплочен со успешно спроведени реформи, но дачи Македонија се изгуби на патот кон ЕУ?
Може ли да се победи корупцијата која е главен проблем на државава кога е во прашање европеизацијата?
Како да го ослободиме судството од синџирот на политичко и бизнис заробеништво – Законите се донесени, но колку се спроведуваат?
Гледајте го новото издание на Лавиринт и дознајте што е следно во битката за членство во ЕУ, каде е Македонија на мапата и ќе се изнајде ли вистинската рута до интеграција. Наш гостин во ова издание е Беба Жагар од Институтот за Европска политика.