Последни новости

Зеленовела

Sound of green festival

Што е тоа што ги спојува Швајцарија, Македонија, екологија, рециклирање и чиста животна средина? Sound of green festival! Веленовела ќе се журка на фестивалот и ќе ви објасни каде се фрла ѓубрe.

ЗВУКОТ НА ИДНИНАТА Е ЗЕЛЕН

Како еден од најзначајните партнери на Северна Македонија во управувањето со природните ресурси, Амбасадата на Швајцарија, во соработка со Пакомак и Макстил, овој петок (30.08.2024) го организира фестивалот Sound of Green во Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот ќе започне во 19:00 часот со отворање на изложбата насловена „CleanTech – швајцарски решенија за заштита на животната средина“. Оваа изложба ќе прикаже иновативни решенија во управување со отпад, одржливо земјоделство, зачувување на природните ресурси и примена на принципи на циркуларна економија во управувањето со водите. Некои од овие решенија се од приватниот сектор на Швајцарија, додека други доаѓаат од швајцарската програма за соработка со Северна Македонија.

Швајцарија, препознаена како водечки пример во Европа за постигнување високи еколошки стандарди, има за цел да ја пренесе клучната порака на фестивалот:
Одговорност е на целото општество – од државните институции до приватниот сектор и граѓанското општество – да ги инспирира и поттикне младите луѓе да се  справуваат со денешните еколошки предизвици. Швајцарија во Северна Македонија континуирано поддржува вклученост на младите во општеството преку формални образовни процеси, мобилизација на граѓанскиот сектор, итн.

По изложбата, фестивалот ќе продолжи со неколку музички изведби со почеток во 20:30 часот, на кои ќе настапат музичари од Северна Македонија и од Швајцарија. Влезот на настанот е симболичен гест кон еколошката свест: едно празно пластично шише, празна лименка или инсталирана апликација Пакомак Екомак која може да ја превземете тука за IOS и тука за Androaid. Поставата вклучува настапи на бендот Мојра, како и Игор Џамбазов и Гуру Харе од Северна Македонија. Од Швајцарија, на македонската сцената за прв пат ќе настапат Орфија и Дј-ката Алекс Нантаја. 

Оваа изложба и концерт се дел од пошироката прослава на 30 години дипломатски односи меѓу Швајцарија и Северна Македонија, со Пакомак и Макстил како главни партнери.

Запознајте ги швајцарските уметници:

  • Лорис Капелини (Орфија): 24-годишна уметник од независната музичка сцена во Женева, чија музика е хипнотизирачка мешавина на електронски ладен бран, инспирирана од златната ера на краутрокот. Неговото деби ЕП, *L'Aventure des Gens Modernes*, комбинира ладен вејв, пост-панк и синт-поп, правејќи споредби со Depeche Mode. Неговиот последен сингл, *Nuit Vellie*, веќе се бранува во Швајцарија и франкофонските земји.

Слушајте ја Орфија:

  • Дона Алексија Нантаја Замарос (ДЈ Алекс Нантаја): На 26 години, ДЈ-ката Алекс Нантаја е на врвот на својата кариера, настапувајќи на некои од најголемите сцени во Швајцарија како Нордстерн, Д! Клуб и Ле Зоолошката градина/Усине. Со позадина во музичкиот конзерваториум, нејзините грув техно сетови ја истакнаа во електронската музичка сцена.

Слушајте ja ДЈ-ката Алекс Нантаја:

Запознајте ги домашните уметници:

  • Мојара: Млад бенд од Северна Македонија, Моира е замисла на Јасна Трпкова и Дарко Јованов. Тие создаваат уникатен звук со мешање на труба, пијано, гитара, саксофон, тромбон, контрабас, перкусии и електронски елементи. Нивната музика, опишана како организиран хаос, вклучува авторски песни како *Арома(н)тична* од нивниот претстоен албум.

Погледнете ја Мојра:

  • Игор Џамбазов и Гуру Харе: Едни од најпознатите музичари во македонската забавна музика, ќе изведат некои од нивните најголеми хитови, на големо задоволство на публиката.

Слушнете ги Игор Џамбазов и Гуру Харе:

Кој градоначалник ја изградил Чаршијата, а кој Собранието?

Има градоначалници и градоначалници

Сте се запрашале ли кој е одговорен зошто градот ни изгледа вака? Или зошто на старите слики изгледа толку убав? Веленовела ќе направи преглед на градоначалниците од турско до денес. Уживајте.

Денот кога во Скопје запре времето

26.7.1963 5:17

Катастрофалниот земјотрес го разруши Скопје до темели. Веленовела ќе се наврати на најтажниот скопски ден.

Профилирањето како алатка во борбата против современиот криминал

Криминалистичкото профилирање во светот е клучот за откривање на непознатите извршители на кривични дела.

Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?

Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?

За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт. 

Веленовелски омнибус

Од сите епизоди, по малку

Редно е да направиме пресек на се што сме гледале досега. Веленовела овојпат ќе се прошета низ – Веленовела. Уживајте!

Предизвиците кои стојат пред Европската Унија во пост-ковид ерата

Анализа на состојбата во Европа во очи воените конфликти, економските проблеми и општествената пост-ковид консолидација.

Форумот Ервопеум кој се одржа во организација на Институтот за Европска политика даде осврт на досегашната состојба со механизмите за владеење на правото во ЕУ и механизамот за раст на унијата,   во чии рамки се дискутираше напредокот на земјите аспиранти на патот кон ЕУ кога е во прашање владеењето на правото.

Ваквите настани имаат за цел унапредување на реформите кои земјите кандидатки може да ги преземат уште пред зачленувањето, правејќи ги силен кандидат со спроведени внатрешни реформи со цел европеизација на општествено-институционалната околина во овие држави.

Патот кон Унијата е поплочен со успешно спроведени реформи, но дачи Македонија се изгуби на патот кон ЕУ? 

Може ли да се победи корупцијата која е главен проблем на државава кога е во прашање европеизацијата? 

Како да го ослободиме судството од синџирот на политичко и бизнис заробеништво – Законите се донесени, но колку се спроведуваат?

Гледајте го новото издание на Лавиринт и дознајте што е следно во битката за членство во ЕУ, каде е Македонија на мапата и ќе се изнајде ли вистинската рута до интеграција. Наш гостин во ова издание е Беба Жагар од Институтот за Европска политика.

Франција со предизвик да состави Влада – НАТО со нови Декларации

Јавување од Вашингтон и Анализа од Париз

Најголемата воена Алијанса ја одбележа 75 годишнината од своето постоење со Самит во чиј фокус е војната на европско тло. Лидерите на земјите членки се собраа во американската престолнина да ја потврдат заложбата за помош на Украина. Дел од нив, ги искористија маргините на Самитот за средби поврзани со билатерални прашања. Средба на македонскиот и грчкиот премиер не се случи, а новинарските кулоари велат дека немало интерес на големите сили да дискутираат за вакви прашања во рамки на Самитот. Од прес собата во Вашингтон ја вклучуваме воената репортерка и коресподент за висока политика од Романија, Кристина Чилеаку. Освен што Алијансата ги потврди заложбите за помош на Украина, Чилеаку не информира и за останатите договорени стратешки определби, како декларирање на Кина за земја помагач на руската агресија. Ја замоливме Чилеаку да ги проследи и средбите на македонскиот премиер.

Од француската престолнина пак, разговараме со советник во француското Собрание на теми поврзани со големиот пресврт кој се случи на изборите. Советникот Матијас Васкез од редовите на партијата на Макрон зборува за расположението на гласачите и за постапките на партиите кои водеа до ваков пресврт. Во моментов, главниот предизвик со кој се соочува Франција е изборот на премиер, за кој се чини дека победничката коалиција има потешкотии да го избере. Васкез е добар познавач на македонските и балканските состојби со оглед на фактот дека претходно бил на мисии во овие земји, па го искористивме ова јавување за да го прашаме и за мислење за францускиот предлог кој се наметна по бугарските најави за вето.

Погледнете ја целата емисија.

Хилтон VS Куршумли Ан

Дали некогаш сте се запрашале како изгледал туризмот во минатото?

Scroll to top