Српската опозиција бара помош од ЕУ, а Русите ја напуштаат државата за да се спасат од мобилизација.
Коалицијата „Србија против насилство“ ја однесе битката против изборното насилство до Европските институции, а за тоа вредеше штрајкот со глад, вели пратеничката Мариника Тепиќ. Во Лавиринт таа емотивно зборува за цената која целото семејство ја плаќа за нејзината борба против криминал и корупција. Разговараме и за дијалогот Белград – Приштина, за кој не очекува решение додека Александар Вучиќ е на власт, бидејќи смета дека тој е еден од поттикнувачите на проблемот и не може да биде дел од решението. Што се однесува на прашањето за санкции кон Русија, Тепиќ вели дека Србија има евроаспирации и како таква треба да ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ.
Во Лавиринт гостува и новинарот и истражувач, Владислав Иванец, кој не се враќа во Русија за да избегне мобилизација. Тој вели дека граѓанското општество не ја поддржува инвазијата на Украина, а секој кој ќе се осмели да го каже тоа ризикува долги години затвор. Независните медиуми работат исклучиво од егзил. Поради драконските закони на Путин кои етапно се носат уште од 2012 наваму (закон за странски агенти), Иванец вели дека секој во Русија може да биде кривично гонет. Што се однесува до претстојните избори, сосема е извесно дека ќе победи Путин бидејќи кандидатите кои беа против војната беа елиминирани од трката. За последното интервју на Путин, смета дека не му направи услуга пред домашната јавност.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Профилирањето како алатка во борбата против современиот криминал
Криминалистичкото профилирање во светот е клучот за откривање на непознатите извршители на кривични дела.
Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?
Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?
За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт.
Post Views: 953 -
Три години војна – Дали Украина ќе се откаже од ретките минерали за да ја завршивојната?
Расте притисокот за преговори
Точно три години од почетокот на војната во Украина. По доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп, комплетно се промени поддршката на САД кон Украина и се зголеми притисокот за почнување мировни преговори. За тоа дали Украинците се подготвени да се откажат од ретките минерали и да ги исполнат барањата на Трамп, како и за јавното мислење во Украина за притисокот од САД, разговараме со Олена Халушка од Киев, ко-основач на Меѓународниот центар за украинска победа.
Post Views: 785 -
Мицкоски го презема „кормилото“ – Какви се очекувањата од новата Влада?
Анализа на новиот владин состав со Сашо Орданоски

