Ако ние сме тоа што го јадеме, ГАСТРО КЛУБ ќе ни објасни како да бидеме подобри
Нов поткаст во етерот кој ќе ви ги разјасни сите кулинарски дилеми. Нашата братска продукција Медиа Таг стартува нов кулинарски поткаст наречен ГАСТРО КЛУБ. Но ова е е обична емисија за готвење, туку разговори и објаснувања кои ќе ви покажат колку всушност сте грешеле при подготовка на одредено јадење. Автор и водител на емисијата е Тони Велковски кој е вљубеник во готвењето, а негови гости ќе бидат луѓе од угостителскиот сектор кои со иста количина на љубов зборуваат за кујнските мајстории.
Го прашавме Тони како дојде до идејата за ваков тип на кулинарска емисија.
„Идејата дојде од тоа што јас готвам дома. И кога дојдов на следното ниво и ми се отворија милион прашања, како и на останатите луѓе што готват, седнав на интернет и се што може таму да се најде се рецепти и слично. Никаде нема ништо повеќе едукативно, на пример да можеш да научиш нешто повеќе за техники и методи. Така одлучив да ги соберам луѓето кои готват на следно ниво и заедно да се едуцираме.“ – Вели Тони за ИД Медиа и најавува готвачи со посебни специјалности кои во детали ќе ни објаснуваат како се станува мајстор во кујна.
„Во иднина ќе гледаме познати готвачи кои ќе гостуваат и ќе раскажат своја приказна, ќе даваат совети, објаснувања и слично. Но, гостите нема да бидат само готвачи, туку и професори, месари, пекари итн. Секако крајната цел е да направиме клуб за сите оние кои готват на било кое ниво. Ќе се фокусираме на едукација, да научиме нешто повеќе за да готвиме подобро.“
Погледнете ја првата епизода, ќе се изненадите од разговорот.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Чаир ја враќа урбаната култура со концертот „Shkupi on its Finest“( Скопје во најдобро светло)
Скопје, 20 јуни 2025 – Во срцето на Чаир, таму каде што со децении чука срцето на урбаната култура, се враќа со нова енергија значаен културен настан: хип-хоп концертот „Shkupi on its Finest“. Настанот ќе се одржи на 28 јуни 2025 годинаво 13:00 часот, во јавните простори на парковите во Чаир, враќајќи ја повторно оваа населба во епицентар на младинскиот уметнички израз и афирмираните артисти.
Концертот се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел промовирање и понатамошен развој на хип-хоп културата во земјата. Идеен творец и една од клучните фигури на настанот е Урим Етеми, познат на музичката сцена под уметничкото име Ummet, кој во соработка со неколку реномирани артисти со долгогодишен придонес, носи автентичен и носталгичен дух на сцената.
„Интересот за реализација на ваков манифест постои одамна. Сега кога се појави можноста, нема да двоумиме да го направиме на најдобар можен начин“, – изјави Ummet за медиумите.
Концертот е замислен како симболично враќање во 90-тите години, кога младите во Скопје ги поставија темелите на хип-хоп културата – на улиците, во парковите и маалата. Настанот се очекува да собере бројна публика и љубители на оваа култура, нудејќи сцена и простор за новата генерација артисти.
Организаторите упатуваат покана до целата јавност да биде дел од овој уникатен културен манифест, кој не само што ги оддава почит на корените на хип-хопот во Скопје, туку и отвора нова страница во неговата современа историја.
Post Views: 156 -
Шчедрик – За светот е божиќна песна, за Украинците е борба за слобода
Овој Божиќ ви ја донесуваме приказната за најпопуларната божиќна песна на сите времиња – Шчедрик или како што ја знае светот, Carol of the bells. Украинската песна која го освои светот е компонирана од легендарниот композитор Микола Леонтович, а за Украинците не е само обична песна, туку претставува и борба за слобода, јазик и идентитет. Првпат е изведена во далечната 1916, а само три години подицна ги освои европскиот и американскиот континент, за денеска да стане песната која за време на божиќните празници, ги топли срцата низ целиот свет.
Погледнете ја приказната за песната со многу богата историја, која за Украинците стана симбол за борба за слобода.
Post Views: 352 -
Граѓаните на Скопје со солзи во очите го исполнија плоштадот
Тивок и мирен собир на скопскиот плоштад за трагично загинатите во пожарот во Кочани. Со солзи во очите, граѓаните по молкот запалија свеќи и оставија цвеќе.
Post Views: 377