ГАСТРО КЛУБ – Ново катче за кулинарските хедонисти

Ако ние сме тоа што го јадеме, ГАСТРО КЛУБ ќе ни објасни како да бидеме подобри

Нов поткаст во етерот кој ќе ви ги разјасни сите кулинарски дилеми. Нашата братска продукција Медиа Таг стартува нов кулинарски поткаст наречен ГАСТРО КЛУБ. Но ова е е обична емисија за готвење, туку разговори и објаснувања кои ќе ви покажат колку всушност сте грешеле при подготовка на одредено јадење. Автор и водител на емисијата е Тони Велковски кој е вљубеник во готвењето, а негови гости ќе бидат луѓе од угостителскиот сектор кои со иста количина на љубов зборуваат за кујнските мајстории. 

Го прашавме Тони како дојде до идејата за ваков тип на кулинарска емисија. 

„Идејата дојде од тоа што јас готвам дома. И кога дојдов на следното ниво и ми се отворија милион прашања, како и на останатите луѓе што готват, седнав на интернет и се што може таму да се најде се рецепти и слично. Никаде нема ништо повеќе едукативно, на пример да можеш да научиш нешто повеќе за техники и методи. Така одлучив да ги соберам луѓето кои готват на следно ниво и заедно да се едуцираме.“ – Вели Тони за ИД Медиа и најавува готвачи со посебни специјалности кои во детали ќе ни објаснуваат како се станува мајстор во кујна. 

„Во иднина ќе гледаме познати готвачи кои ќе гостуваат и ќе раскажат своја приказна, ќе даваат совети, објаснувања и слично. Но, гостите нема да бидат само готвачи, туку и професори, месари, пекари итн. Секако крајната цел е да направиме клуб за сите оние кои готват на било кое ниво. Ќе се фокусираме на едукација, да научиме нешто повеќе за да готвиме подобро.“

Погледнете ја првата епизода, ќе се изненадите од разговорот. 

Advertisement
Scroll to top