Чаир ја враќа урбаната култура со концертот „Shkupi on its Finest“( Скопје во најдобро светло)

Скопје, 20 јуни 2025 – Во срцето на Чаир, таму каде што со децении чука срцето на урбаната култура, се враќа со нова енергија значаен културен настан: хип-хоп концертот „Shkupi on its Finest“. Настанот ќе се одржи на 28 јуни 2025 годинаво 13:00 часот, во јавните простори на парковите во Чаир, враќајќи ја повторно оваа населба во епицентар на младинскиот уметнички израз и афирмираните артисти.

Концертот се организира со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел промовирање и понатамошен развој на хип-хоп културата во земјата. Идеен творец и една од клучните фигури на настанот е Урим Етеми, познат на музичката сцена под уметничкото име Ummet, кој во соработка со неколку реномирани артисти со долгогодишен придонес, носи автентичен и носталгичен дух на сцената.

„Интересот за реализација на ваков манифест постои одамна. Сега кога се појави можноста, нема да двоумиме да го направиме на најдобар можен начин“, – изјави Ummet за медиумите.

Концертот е замислен како симболично враќање во 90-тите години, кога младите во Скопје ги поставија темелите на хип-хоп културата – на улиците, во парковите и маалата. Настанот се очекува да собере бројна публика и љубители на оваа култура, нудејќи сцена и простор за новата генерација артисти.

Организаторите упатуваат покана до целата јавност да биде дел од овој уникатен културен манифест, кој не само што ги оддава почит на корените на хип-хопот во Скопје, туку и отвора нова страница во неговата современа историја.

Advertisement
Scroll to top