Криминалистичкото профилирање во светот е клучот за откривање на непознатите извршители на кривични дела.
Може ли профилирањето како светски прифатена алатка во криминалистиката да помогне во побрзо откривање на непознати сторители и расчистување на бројни кривични дела во овој регион?
Треба ли формализација на профилистиката во рамки на полициско-истражните институции и законски измени со цел имплементирање на овие истражни техники?
За профилирањето како комплот на психолошко-криминалистички техники и неговата примена во регионот и светот, гледајте го новото издание на Лавиринт.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Се додека има квоти и потреба од посебни закони, немаме родова еднаквост
Жени во приватниот безбедносен сектор
Во првото мартовско издание на Лавиринт зборуваме за жените во приватниот безбедносен сектор со Генералниот Секретар на Комората за приватно обезбедување, Сања Керметчиева. Слично како и во државниот, и во приватниот безбедносен сектор само 10 % од вработените се жени. Според неа, се додека говориме за квоти, се додека се пребројуваме колку жени се на
определни позиции без оглед дали тоа е на највисоките државнички позиции, дали е тоа позиција на жени менаџерки, дали се тоа, во ректорати, во декански управи и така натаму, на било која позиција или во специфични работни места во безбедноста колку жени се полицајки, колку во приватно обезбедување, колку се војнички… Се дотогаш и додека зборуваме за ова и додека има потреба од посебни конвенции, посебни закони и политики во компаниите, ние се соочуваме со родова нееднаквост.Post Views: 2.623 -
Деца во Газа умираат од неухранетост – Хуманитарците и буквално си ги даваат животите за да помогнат
Интервјуа со Високиот претставник на ОН за Газа, Џејми Голдрик и со претставник на Цевениот Крст во Рафа, Хишам Мхана
-
Припадничките на ТИГАР инспирација за многу девојки
Специјално осмомартовско издание на лавиринт.
Ја посетивме касарната Илинден каде разговаравме со припадничките на Специјалната Антитерористичка Единица Тигар.
Овие жени ги кршат бариерите дека безбедносниот сектор е машка работа.Post Views: 1.851

