Јавувања од Тирана и Белград
Пописот во Албанија поразителен за македонското малцинство. Само 2281 Македонец и речиси 8000 Бугари, иако никогаш претходно немало попишани Бугари во Албанија. Како се изведе таа манипулација со пописниот процес и што може сега да се направи, го прашуваме екс пратеникот во албанското Собрание, Васил Стерјовски. Веќе се пуштени реакции и жалби до меѓународните институции, а реакции има и од македонскиот министер за надворешни работи.
Терористички напад во Србија го потресе Балканот. Напаѓач со самострел застрела полицаец пред израелската амбасада во Белград. Од Белград ја вклучуваме професорката од факултетот за дипломатија и безбедност, Марија Ѓориќ со која разговараме за конкретното лице кое го изврши нападот, но и анализираме дали на Балканот има опасност од нови терористички напади.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
-
Граѓаните на улица против корупција и неказнивост
Голем број граѓани се собраа на Партизанска, на местото кадешто беше прегазена младата Фросина да побараат правда. Протестот продолжи до Собранието и заврши пред судовите. Граѓаните со молк изразија сочувство и голем дел од нив рекоа дека ќе продолжат да протестираат додека правдата не биде задоволена. На протестот присуствуваше семејството на младата Фросина, како и семејствата на претходните жртви на дивеењето на Партизанска.
Post Views: 1.250 -
Анализа на првите 100 дена од владеењето на Трамп – Како до фер избори во Србија
Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.
Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.
Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.
Гледајте ја целата емисија.
Post Views: 1.913 -
Симулација на полиграфско тестирање и на Eye Detect – Со какви финти се соочиле полиграфистите?
Се што треба да знаете за полиграфот.

