Првата бионичка рака која го носи потенцијалот да направи револуција во светот на лицата со попреченост, е направена токму од група на млади иноватори од Македонија.
Оваа иновација која е во завршна фаза пред пуштање во продажба за широките маси ќе донесе промени во секојдневието на лицата без екстремитети. Но, не само во функционална смисла, раката на еБионикс се очекува да донесе промени и во пазарната состојба во оваа сфера, носејќи со себе неколкукратно пониска продажна цена од досега достапните решенија на пазарот.
Во емисијата гостува Орхан Багашов, иноватор и креатор на првата бионичка рака во Македонија и основач на еБионикс, компанија за изработка на помагала за луѓето со попреченост.
Откријте нова приказна, секој агол на технологијата во Инфотек на Media!
Специјално издание од Самитот за вештачка Интелегенција во #Скопје и ексклузивни интервјуа со првите луѓе од светските компании чија технологија го менува нашиот свет! Разговаравме со челниците на Гугл, Мајкрософт, Фрипик и останати фронтмени на Вештачката Интелигенција!
Формула 1 е повеќе од обичен мотоспорт, тоа е инспирација која движи многумина на патот до успехот. Како се создаваше првиот македонски болид од дтудентите на ФЕИТ И Машински Факултет?
Иако има 84 години, Градоначалникот на Малага во Шпанија е доказ дека интересот за вештачката интелигенција не познава старосна граница! За технолошкиот самит на Вештачка Интелегенција кој втора година по ред се одржува во Скопје, за оправданите и неоправданите стравови, познатото и непознатото, гледајте го првото издание на Инфотек со Филип Аврамчев од Ai Tech Summit Македонија.