summit

Франција со предизвик да состави Влада – НАТО со нови Декларации

Јавување од Вашингтон и Анализа од Париз

Најголемата воена Алијанса ја одбележа 75 годишнината од своето постоење со Самит во чиј фокус е војната на европско тло. Лидерите на земјите членки се собраа во американската престолнина да ја потврдат заложбата за помош на Украина. Дел од нив, ги искористија маргините на Самитот за средби поврзани со билатерални прашања. Средба на македонскиот и грчкиот премиер не се случи, а новинарските кулоари велат дека немало интерес на големите сили да дискутираат за вакви прашања во рамки на Самитот. Од прес собата во Вашингтон ја вклучуваме воената репортерка и коресподент за висока политика од Романија, Кристина Чилеаку. Освен што Алијансата ги потврди заложбите за помош на Украина, Чилеаку не информира и за останатите договорени стратешки определби, како декларирање на Кина за земја помагач на руската агресија. Ја замоливме Чилеаку да ги проследи и средбите на македонскиот премиер.

Од француската престолнина пак, разговараме со советник во француското Собрание на теми поврзани со големиот пресврт кој се случи на изборите. Советникот Матијас Васкез од редовите на партијата на Макрон зборува за расположението на гласачите и за постапките на партиите кои водеа до ваков пресврт. Во моментов, главниот предизвик со кој се соочува Франција е изборот на премиер, за кој се чини дека победничката коалиција има потешкотии да го избере. Васкез е добар познавач на македонските и балканските состојби со оглед на фактот дека претходно бил на мисии во овие земји, па го искористивме ова јавување за да го прашаме и за мислење за францускиот предлог кој се наметна по бугарските најави за вето.

Погледнете ја целата емисија.

Балканот ја потврди поддршката за Украина – Заканата од прелевање на жариштата се зголемува

Анализа со новинарот Сеад Ризвановиќ и репортажа од посетата на Зеленски самитот
во Тирана

Scroll to top