Србија

Анализа на првите 100 дена од владеењето на Трамп – Како до фер избори во Србија

Јавување на Џалиса Дугро од САД и интервју со лидерот на Нова Демократска партија, Милош Јовановиќ.

Помина првите 100 дена од преземањето на Трамп на Белата куќа, а веќе се соочува со протести низ цела Америка. Зголемени царини за огромен број држави, контроверзна имиграциона политика и неможност да ја заврши војната во Украина се дел од политиките кои ги одбележаа првите 100 дена од претседателствувањето на Трамп. Царините кон соседна Канада предизвикаа пад на Владата на Трудо, а Канаѓаните го избраа поранешниот Гувернер на Народната банка, Марк Карни за нов Премиер кој ќе се справува со економската криза. На овие теми разговараме со репортерката од Флорида, Џалиса Дугро.

Во оваа епизода, го споделуваме и интервјуто со лидерот на Нова Демократска партија Во Србија, Милош Јовановиќ кое го направивме на протестите во Ниш. Јовановиќ е и пратеник во српскиот Парламент и поддржувач на протестите. Разговаравме за моменталната состојба во Србија, можни решенија за тоа како да се стигне до фер избори и потенцијални коалиции на следниот изборен циклус.

Гледајте ја целата емисија.

Пораката на српските студенти стигна до Парламентот во Стразбург – На ред е Брисел

Разговор со еден од велосипедистите кои извозеа 1500 километри

Велосипедистите кои возеа преку половина Еворпа за да достават порака до Европскиот Парламент во Стразбург, се вратија дома. Уште еден спектакуларен дочек им беше организиран во Нови Сад, по оние кои се случија во големите европски градови. Во овој Лавиринт го вклучуваме Вељко од техничкиот факултет во Нови Сад да ни раскаже за пораката која им беше предадена на европарламентарците и да ни ги пренесе искуствата од долгиот пат. Следен голем подвиг на српските студенти ќе биде трчање до Брисел.

Звучен топ на на најголемиот протест некогаш одржан во Белград

Репортажа од најголемиот протест кој Белград некогаш го видел

Поради деновите на молк, решивме да не објавуваме други содржини, затоа денеска ја објавуваме репортажата која ви ја должиме од големиот протест кој се случи во Белград на 15ти март.


Ги пречекавме трите пешачки групи студенти кои пристигнаа ден претходно и го проследивме целиот протест до крај. Поразговаравме со неколку српски актери за актуелната состојба, како и со дел од студентите, моторџиите и граѓаните. На протестот беше употребен и звучен топ, а еден од повредените студенти го раскажа своето искуство во Лавиринт. Гледајте ја целата епизода.

Scroll to top